Елмас Мехмед-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Елмас Мехмед-паша ( 1661 11 септември 1697 ) — османлиски државник и голем везир од 1695 до 1697 г. Го носел прекарот „Елмас“, што на турски значи „дијамант“[1], бидејќи важел за убав маж.

Кратки факти ЕлмасМехмед Паша, Голем везир ...
Remove ads

Младост

Роден е во Доганјурт (порано Хошалај), денес во покраината Кастамону, Турција. Татко му бил поморски капетан (реис). Почнал да работи во царскиот дворец по лично барање на султанот Мехмед IV и бил меѓу ретките што станале високи функционери на млади години. За време на султанот Ахмед II во 1688 г. бил назначен за нишанџија (чувар на царскиот печат), а во 1689 г. станал везир (министер).[2]

Како голем везир

Царството во овој период се соочувало со низа порази во Големата турска војна, почнувајќи од Втората опсада на Виена во 1683 г. По погубувањето на Кара Мустафа-паша, настапил период на честа промена на големите везири (премиери) — од 1683 до 1695 г. се смениле дури единаесет. Елмас Мехмед-паша е назначен за голем везир на 2 мај 1695 од страна на султанот Мустафа II. Бил поуспешен од неговите претходници, и заедно со султанот го поразил Хабсбуршкото Царство во две битки - Битката кај Лугош и онаа кај Улаш.

Покрај воената дејност, се обидел да спроведе реформи во државната благајна, Еден од најголемите проблеми на Осмалиското Царство во XVII век биле обезвреднетите монети. Мехмед собирал разни монети (вклучувајќи европски) и исковал нови златни и сребрени монети во име на Мустафа II.[3]

Remove ads

Битката кај Сента и смрт

Во Битката кај Сента на 11 септември 1697 г. хабсбуршката војска заробила османлиски офицер од штабот на Мехмед-паша и од него го дознала борбениот план на Османлиите. Дознавајќи го ова, командантот на хабсбуршката војска, принцот Евгениј Савојски, наредил ненадеен напад врз турската војска додека го преминувала тамошниот мост преку реката Тиса.[4] Мехдмед-паша се обидел да организира прописно повлекување, но имал недисциплинирани војници кои биле во паника. Мехмед загинал од рацете на опствените војници, кои го задавиле со жица. По две години, Османлиите бипе приморани да го потпишат Договорот од Карловци, со кој ја изгубиле Унгарија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads