Елце

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елцеmap
Remove ads

Елце (германски: Elze) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Зале, околу 15 километри западно од Хилдесхајм.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Елце во рамките на округот Хилдесхајм ...

Во рамките на градот влегуваат и селата Есбек, Меле, Зелде, Зорзум, Витенбург и Вилфинген.

Remove ads

Географија

Местоположба

Thumb
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Елце

Градот се наоѓа западно од Хилдесхајм на крајот на Долносаксонските ридови.

Градски единици

Градот се состои од следниве места (жители на 30 јуни 2016):

  • Елце (5.770 жит.)
  • Есбек (413 жит.)
  • Меле (1.120 жит.)
  • Зелде (451 жит.)
  • Зорзум (247 жит.
  • Витенбург (102 жит.)
  • Вилфинген (800 жит.)

Историја

Елце е една од најстарите населби во областа, а нејзиното име потекнува од замок на Карло Велики, кој бил основан околу 800 година во саксонските имоти по победата над војводата Видукинд во Саксонските војни. Царот основал и мисионерска бискупија посветена на апостолите Петар и Павле, од која потекнува Хилдесхајмската бискупија. Кралот Лудвиг Побожниот го преместил епископското седиште во Хилдесхајм во 815 година, меѓутоа лутеранската парохиска црква е сѐ уште посветена на светците и е прикажана на градскиот грб.

Селото Витенбург е место на поранешниот августинински манастир, основан во XIV век на местото на поранешен замок. Манастирот пропаднал за време на Протестантска реформација, додека готската манастирска црква е зачувана.

Во 1856 година, Кралството Хановер ја отворило Хановерската јужна железница (Hannöversche Südbahn) од Хановер до Касел со железничка станица во Елце. По припојувањето од Прусија во 1866 година, градот станал важна железничка раскрсница.

Меѓународни односи

Елце е збратимен со следниве градови:

Remove ads

Познати луѓе

  • Јустус Гезениј (1601-1673) — лутерански теолог
  • Јохан Хајнрих Луис Кригер (1857-1923) — математичар
  • Филип Фуртвенглер, (1869-1940) — математичар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads