Ема од Нормандија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ема од Нормандија
Remove ads

Ема од Нормандија (заведена како Елфгифу во кралските документи;[2] околу 984 - 6 март 1052) била Кралица на Англија, Данска и Норвешка преку нејзините бракови со Етелред Неподготвениот (1002-1016) и Кнут Велики (1017- 1035). Таа била ќерка на норманскиот владетел Ричард Бестрашниот и Гунор.

Кратки факти Ема од Нормандија, Сопруга на Англиски крал ...

По смртта на своите сопрузи, Ема продолжила активно да учествува во политиката за време на владеењето на нејзините синови, Едвард Исповедникот и Хартакнут. По смртта на Кнут, нејзиниот втор сопруг, во 1035 година, него на англискиот престол го наследил нивниот син Хартакнут, кој во тоа време бил во Данска. Ема била назначена како негов регент до неговото враќање.[3]

Remove ads

Бракот со Етелред II

Со намера да ги намали тензиите со Нормандија, англискиот крал Етелред се оженил со Ема во 1002 година.[4] Етелред се надевал дека со овој брак ќе го зближи со Норманите, и дека заедно ќе се борат против викиншките закани.[5] По бракот, на Ема ѝ било дадено англосаксонско име Елфгифу, кое се користело за формални и официјални работи, и станала кралица на Англија. Таа добила сопствени имоти во Винчестер, Ратланд, Девоншир, Сафолк и Оксфордшир, како и во градот Ексетер.[6]

Етелред и Ема имале два сина, Едвард Исповедникот и Алфред Етелинг, и ќерка, Года од Англија (или Годгифу).

Кога данскиот крал Свен Форкберд ја нападнал и ја освоил Англија во 1013 година, Ема и нејзините деца биле испратени во Нормандија, а набрзо им се придружил и Етелред. По смртта на Свен во 1014 г., тие се вратиле во Англија.

Етелред починал во 1016 година. Неговиот син од претходниот бракЕдмунд Ајронсајд го наследил престолот.[7]

Во 1015 година, Кнут, синот на Свен Форкберд, ја нападнал Англија. По смртта на Етелред (април 1016) и Едмунд (ноември 1016), Кралицата Ема се обидела да ја задржи контролата на Англосаксонците врз Лондон и бил договорен нејзиниот брак со Кнут. [5] Некои научници веруваат дека со овој бракот Кнут ги поштедил животите на нејзините синови. [6]

Remove ads

Бракот со Кнут

Thumb
Ема ја напушта Англија со двата сина по инвазијата на Свен Форкберд (1013). Детал од минијатура од 13 век (Fugit emma regina cum pueris suis во нормата cum pueris suis ut ibidem a duce patre suo protegatur )

Кнут го освоил поголемиот дел од Англија по победата над Едмунд Ајронсајд на 18 октомври 1016 година, во Битката кај Асандун, по што тие се согласиле да го поделат кралството. Едмунд го зел Весекс, а Кнут остатокот од Англија. Набрзо Едмунд починал (30 ноември 1016), а Кнут станал крал на цела Англија. По склучувањето на бракот со Кнут во 1017 година, [8] синовите на Ема од нејзиниот брак со Етелред биле испратени да живеат во Нормандија под туторство на нејзиниот брат. Тогаш Ема станала кралица на Англија, а подоцна и на Данска и Норвешка.

Во бракот, Ема и Кнут имале син Хартакнут и ќерка Гунхилда.

Remove ads

Деца

За време на двата брака, Ема имала 5 деца:

  • Едвард Исповедникот в. 1003 - 5 јануари 1066 година, починал без да има деца
  • Года од Англија c.1004 – c.1049
  • Алфред Благородниот в. 1005–1036
  • Хартакнут
  • Гунхилда

Заговор во врска со смртта на Алфред

Thumb
Кралицата Ема и нејзините синови се примени од војводата Ричард II од Нормандија (Универзитетска библиотека во Кембриџ)

Во 1036 година, Алфред Етелинг и Едвард Исповедникот, синовите на Ема од Етелред, од егзилот во Нормандија се вратиле во Англија за да ја посетат мајка им. За време на престојот во Англија, тие требало да бидат заштитени од Хартакнут, но тој бил во Данска. Алфред бил фатен и ослепен со жешко железо, а подоцна подлегнал на раните и починал.

Едвард успеал да побегне и се вратил во Нормандија.

Похвалата за Кралицата Ема вината за апсењето, мачењето и убиството на Алфред целосно ја префрла на Харолд I, со намера да се ослободи од двајца потенцијални кандидати за англискиот престол преку убиството на Едвард и Алфред. Некои научници тврдат дека тоа можел да биде Годвин, Ерл од Весекс, кој патувал со Алфред и Едвард како нивни заштитник преку Ла Манш.[9]

Remove ads

Ковладеење на Хартакнут и Едвард Исповедникот

Хартакнут, синот на Кнут, го наследил престолот на Данска по смртта на неговиот татко во 1035 година. Пет години подоцна, тој и неговиот брат, Едвард Исповедникот, го делат престолот на Англија, по смртта на Харолд, полубратот на Хартакнут. [5] Владееле само две години до смртта на Хартакнут. [5]

Ема одиграла важна улога во ова ковладеење затоа што била заедничката врска меѓу двата крала.

Смрт и погреб

Thumb
Ковчегот во Винчестерската катедрала. Ова е еден од шесте ковчези во близина на олтарот во катедралата, и наводно ги содржи коските на Кнут и неговата сопруга Ема.

По нејзината смрт во 1052 година, Ема била погребана заедно со Кнут и Хартакнут во Стариот Минстер, Винчестер, пред да биде префрлена во нова катедрала изградена по Норманското освојување.[10] За време на Англиската граѓанска војна (1642–1651), нивните останки биле расфрлани по подот на катедралата од страна на парламентарните сили.

Remove ads

Искушението на кралицата Ема

Thumb
Искушението на кралицата Ема од Вилијам Блејк.

Искушението на кралицата Ема од Оган во Винчестер е легенда која најверојатно потекнува од 13 век. Кралицата Ема била обвинета дека спиела со епископот Елфвајн од Винчестер. За да ја докаже својата невиност, таа требало да помине преку девет вжештени плугови поставени на наосот на Винчестерската катедрала. Двајца епископи ја одвеле босоногата кралица пред редицата од вжештени плугови. Одела по вжештените плугови, но не го почувствувала голото железо ниту жарот.[11] [12] Вилијам Блејк направил илустрација од настанот.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads