Хемпшир

грофовија во Англија From Wikipedia, the free encyclopedia

Хемпшир
Remove ads

Хемпшир е грофовија во Југоисточна Англија на брегот на Ламанш. Главен град на грофовијата е Винчестер. Најголеми градови во Хемпшир се Саутемптон и Портсмут кои имаат сопствена унитарна управа; со другиот дел од грофовијата управуваат Советот на округот Хемпшир и советите на неметрополитенските окрузи.

Кратки факти Хемпшир, Hampshire ...
Remove ads

Историја

Пред норманското освојување

Се верува дека регионот бил постојано населен уште од крајот на доцното ледено доба околу 12.000 п.н.е.[2] Тогаш поради ниското ниво на морето Британија со копнен мост била поврзана со европскиот континент и била претежно покриена со листопадни шуми. Првите жители биле мезолитските ловци и собирачи.[3]

Thumb
Тврдината Данебери

Земјоделството во јужна Британија се практикувало од 4000 година п.н.е., а со тоа и неолитската култура. Во Хемпшир нема многу споменици од тие рани периоди, иако Стоунхенџ кој се наоѓа во близина бил изграден во неколку фази помеѓу 3100 и 2200 година п.н.е. Во доцното бронзено време, низ цела Британија почнале да се појавуваат утврдени населби по ридови познати како ридски тврдини, кои добиле во значење во раното и средното железно време;[4] многу од нив сè уште можат да се забележат во пејзажот и можат да се посетат. Во тој период, луѓето во Британија претежно зборувале келтски јазик, а нивната култура имала многу заеднички црти со Келтите опишани од класичните писатели.[5]

Јулиј Цезар ја нападнал југоисточна Англија во 55 и пак во 54 п.н.е., но тој не стигнал до Хемпшир.[4]

Римјаните повторно ја нападнале Британија во 43 н.е., а Хемпшир бил вклучен во римската провинција Британија. Вента станала центар на административната власт на Белгија, која ги опфаќала поголемиот дел од Хемпшир и Вилтшир и достигнувала до Бат. Во следните три века јужна Британија уживала во релативен мир. За време на римскиот период, повеќето градови изградиле одбранбени ѕидини; грнчарската индустрија со седиште во Њу Форест извезувала предмети низ јужна Британија. Утврдувањето во близина на Саутемптон - Клаусентум, дел од тврдините на Саксонскиот брег, било изградено за одбрана од поморските напади на германските племиња. Римјаните се повлекле од Британија во 410 година.[6][7]

Thumb
Плоча која ја означува трасата на Римскиот пат од Чичестер до Битерн

Записите за следните 200 години се неверодостојни, но во тоа време јужна Британија од Британска станала Англиска поради населувањето на германските племиња, Англите и Саксонците. Хемпшир станал центар на подоцна најмоќното кралство во Британија, Кралството Весекс. Новодојденците почнале да доминираат врз месното население, и од седмиот век, поголемиот дел од населението во Хемпшир зборувало староанглиски, наместо британски јазик. Во седмиот век Весекс, со главен град Винчестер,[8] постепено се проширувал на запад во Бритонски Дорсет и Сомерсет. Во Винчестер има статуа на кралот Алфред, кој во 9-тиот век ги одбил Викинзите и го стабилизирал регионот. Кралот Алфред се самопрогласил за „Крал на Англија“ во 886 година; но Етелстан од Весекс официјално ја контролирал цела Англија до 927 година.[6][9][10]

По норманското освојување

Thumb
Портчестер комбинација од римски и нормански тврдини

За време на норманското освојување, Лондон го престигнал Винчестер како најголем град во Англија [9] и по норманското освојување, кралот Вилијам I го прогласил Лондон за главен град. Со ова центарот на политичката моќ не била веќе во Хемпшир, но Винчестер останал важен град; Њу Форест во близина на Винчестер била ценета кралска ловечка шума; Кралот Вилијам II бил убиен за време на ловот во Њу Форест (1100 година). Од 12-тиот век, поради трговијата со континентална Европа пристаништата во Хемпшир станале многу поважни. Преку нив се тргувало со производената волна и ткаенина во округот, се развило рибарството, а била основана и индустријата за бродоградба. Не подоцна од 1523 година, населението на Саутемптон го надминало населението на Винчестер.

Thumb
Пристаништето во Портсмут, 2005 година

Во текот на неколку векови, долж брегот на Солент биле изградени низа замоци и тврдини за да ги бранат пристаништата во Саутемптон и Портсмут. Бродовите Мејфлауер и Спидвел испловиле за Америка од Саутемптон во 1620 година.[11]

За време на Англиската граѓанска војна (1642–1651) во Хемпшир имало неколку воени судири помеѓу ројалистичките и парламентарните сили. Поважни се опсадата на Бајсинг Хаус (1643 - 1645) и Битката кај Херитон во 1644 година; и во двете победиле парламентарните сили. Други судири се: Битката кај Алтон во 1643г., кога бил убиен командантот на ројалистичките сили [12] и опсадата на Портсмут во 1642 година.[13]

Во 1868 година, бројот на луѓе вработени во производството ги надминало оние во земјоделството. Главни индустрии станале: индустријата за свила, хартија, шеќер, бродоградба и соланите. Луѓето од крајбрежните градови се занимавале со риболов и извоз на земјоделски производи.[14] Во пристаништата работеле многу работници; екипажот на Титаник, кој потонал на своето прво патување во 1912 година, бил составен претежно од жители на Саутемптон.[15]

По 1914 година

Хемпшир одиграл клучна улога во двете светски војни поради големата поморска база на Кралската морнарица во Портсмут, армискиот камп во Алдершот и воената болница Нетли во водите на Саутемптон, како и поради близината до армиските полигони за обука во рамнината Солсбери и Островот Пурбек. Супермарине, која ги дизајнерала Спитфајер и други воени авиони, била со седиште во Саутемптон, и затоа градот бил жестоко бомбардиран во Втората светска војна. Алдершот и натаму останува еден од главните постојани кампови на британската армија. Фарнборо е главен центар за воздухопловната индустрија.

Во 1970-тите, со реорганизацијата на локалните единици во 1974 година, градовите Брнмаут и Крајстчерч административно биле префрлени од Хемпшир во Дорсет.[16]

Remove ads

Географија

Хемпшир се граничи со Дорсет на запад, Вилтшир на северозапад, Беркшир на север, Сари на сесевероисток и Западен Сасекс на исток. На југ излегува на Ламанш и Солент. Хемпшир е најголемата грофовија во Југоисточна Англија. Има вкупна површина од 3700 км².[17]

Клима

Хемпшир има поблага клима од повеќето области на Британските Острови,[18] близината на морето влијае за стабилизирање на климата, но е заштитен од поекстремните временски услови на брегот на Атлантикот. Хемпшир има повисока просечна годишна температура од просекот во Обединетото Кралство, која се движи од 9,8 до 12 степени целзиусови,[19] и просечни врнежи од 640 до 1060 мм годишно,[19] и има просечно околу 1.750 часа [20] сончеви часови годишно.[19]

Remove ads

Населби

Главен град на грофовијата Хемпшир е Винчестер, кој порано бил главен град на античкото кралство Весекс и на Англија до Норманското освојување на Англија. Пристанишните градови Саутемптон и Портсмут биле одвоени како независни унитарни единици во 1997 година, иако тие се сè уште во рамките на Хемпшир за церемонијални цели. Фарехам, Госпорт и Хавант прераснале во градски населби долж брегот меѓу двата поголеми града. Во североисточниот дел се градовите Фарнборо, Алдершот, Блеквотер и Јејтли.

Бејсингсток, во северниот дел на грофовијата, прераснал од рурално место во деловен и финансиски центар. Алдершот, Портсмут и Фарнборо се тесно поврзани со Армијата, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили соодветно. Во Хемпшир, исто така, се наоѓаат и неколку помали градови: Алресфорд, Алтон, Андовер, Бишоп Волтам, Лајмингтон, Њу Милтон, Петерсфилд, Рингвуд, Ромзи и Витчрч .

Демографија

Население

На пописот во 2001 година церемонијалната грофовија имала население од 1.644.249 жители, од кои 1.240.103 биле во административната грофовија, 217.445 биле во управната власт на Саутемптон и 186.701 биле во Портсмут.

Градови и паланки по број на жители: (попис 2001)

  • Саутемптон – 244.224
  • Портсмут – 207.100
  • Бејсингстоук – 90.171 (град), 152.573 (околија)
  • Госпорт – 69.348 (град), 77.000 (околија)
  • Андвер – 64.000
  • Вотерлувил - 63558
  • Алдершот – 58.120
  • Фарнборо – 57.147
  • Fareham / Portchester - 56.010 (град), 109.619 (околија)
  • Истлеј - 52.894 (град), 116.177 (околија)
  • Хавант – 45.435 (град), 115.300 (околија)
  • Винчестер – 41.420 (град), 116.600 (област)
  • Флит – 32.726
  • Petersfield -14.974 (град)
Remove ads

Економија

Thumb
Железницата во Истли

Хемпшир е една од најбогатите грофовии во земјата, со бруто домашен производ (БДП) од 29 милијарди фунти, без Саутемптон и Портсмут. Во 2018 година, Хемпшир имаше БДП по глава на жител од 22.100 фунти.[21]

Стапката на невработеност од 1,3 посто е пониска од националниот просек која изнесува 2,1 посто, заклучно со февруари 2018 година.[22] Околу една третина од работниците се вработени во големи фирми. Хемпшир има значително повисока вработеност од националниот просек во високотехнолошките индустрии. Околу 25 отсто од населението работи во јавниот сектор. Туризмот нуди околу 60.000 работни места во грофовијата, околу 9% од сите вработени.[21]

Една од главните компании во високотехнолошкиот сектор е IBM која има свои лаборатории за истражување и развој во Харсли и седиште во ОК во Кошам.

Многу рурални области од Хемпшир традиционално се потпираат на земјоделството, иако значењето на земјоделството почнало да опаѓа од првата половина на 20 век, а денес со земјоделство се занимава околу 1,32% од руралното население. .

Подрачјето околу Њу Форест е национален парк, а туризмот е значаен економски сегмент во тоа подрачје, со 7,5 милиони посетители во 1992 година.[23] Саут Даунс и градовите Портсмут, Саутемптон и Винчестер исто така привлекуваат туристи во Хемпшир.[24]

Thumb
Пристаништето во Саутемптон

Градовите Саутемптон и Портсмут се значајни пристаништа, при што преку пристаништето во Саутемпон се одвива голем дел од националниот контејнерски товарен сообраќај и тоа е главна база за крстарења, а во пристаништето во Портсмут е сместена една од главните бази на Кралската морнарица и е терминал за фериботи до Франција и Шпанија.

Remove ads

Култура, уметност и спорт

Знаме

Знамето на Хемпшир

Знамето на Хемпшир било официјално додадено во регистарот на Институтот на знамиња на 12 март 2019 година.[25]

Музеи

Во Хемпшир има многу локални музеи, како што е Градскиот музеј во Винчестер, кој на три ката ги опфаќа железното време и римскиот период, средниот век и викторијанскиот период. Во Андовер има „Музеј на железното време“. Музејот на морскиот град во Саутемптон е најмногу насочен кон поврзаноста на градот со Титаник. Во Бесингсток има музеј за индустриското наследство на Хемпшир. Од националните музеи позначајни се: Националниот музеј за мотори во Болие, Музејот на Кралската морнарица во Портсмут. Други воени музеи се: Музејот на подморницата во Госпорт, музејот на кралските маринци во Саутсеа, Воениот музеј Алдершот, Приказната за Денот Д во Саутси и други.

Remove ads

Значајни луѓе

Веројатно најпознат жител бил Војводата од Велингтон, кој живеел во северниот дел на округот од 1817 година.[26] Познатата викторијанка, која остави свој белег и „се врати“ во Хемпшир за погреб во Ист Велоу била Флоренс Најтингел.[27]

Во Хемпшир се родени писателите Џејн Остин, Вилберт Одри и Чарлс Дикенс, а тука живееле Чарлс Кингсли и г-ѓа Гаскел. Алис Лидел, позната и како Алис Харгривс, инспирација за Алиса во Авантурите на Алиса во земјата на чудата од Луис Керол, живеела во и околу Линдхерст, по нејзиниот брак со Реџиналд Харгривс.[28]

Поврзаноста на Хемпшир со ликовната уметност е тоа што тука е роден сликарот Џон Еверет Миле, а во Селборн живеел Гилберт Вајт. Новинарот и социјален критичар Кристофер Хиченс е роден во поморско семејство во Портсмут.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads