Емилија Тодорова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Емилија Тодорова
Remove ads

Емилија Тодоровамакедонска и австралиска поетеса, писателка и преведувачка.

Кратки факти Емилија Тодорова ...

Животопис

Емилија Тодорова, родена во Скопје, од 1989 г. живее во Сиднеј, Австралија, каде што работела на извршни и сениорски лидерски позиции во федералниот јавен сектор со одговорности кои, меѓу другото, опфаќале: стратешко деловно планирање и управување со промени; управување со човечки, финансиски и физички ресурси; обука на лидери и кадровски развој; развој на организациската култура; раководење со односите со релевантните чинители во јавниот, невладиниот и приватниот сектор; услуги и ангажирање на заедниците на Првите народи (домородното население) и на мултикултурните заедници; подобрување на услугите и искуството на клиентите, министерска и омбудсманска кореспонденција и управување со вонредни состојби.

Паралелно со нејзината примарна професија во јавниот сектор, неколку години била ангажирана и на Катедрата за современи јазици (македонски јазик) на Универзитетот Маквори и како двојазичен консултант.

Презентирала на повеќе национални и меѓународни конференции, меѓу кои и Меѓународната конференција за ангажман на заедницата, под покровителство на Обединетите нации (Бризбејн 2006); Националната конференција за бездомништво (Сиднеј 2006); Националната конференција за социјално претприемништво (Мелбурн 2005), ХII Светски фестивал на младината и студентите (Москва 1985); I Фестивал на младината на Медитеранот (Валенсија 1982) и т.н.

Работела и на програмата на македонски јазик на радиостаница 2ЕА во Сиднеј, (сега SBS Australia)[1].

Активно твори на македонски и англиски јазик. Преведува од англиски, српски и бугарски јазик. За исклучителни достигнувања во својата кариера добитник е на повеќе австралиски признанија.

Remove ads

Творештво

Со новинарско и креативно пишување се занимавала уште пред заминувањето од Македонија. Соработувала со „Студентски збор“ и Третата програма на Радио Скопје. Била и еден од основачите, заедно со Ѓоре Ценев, на младинското списание за популарна наука „Активус“, каде работела како заменик-уредник.

Емилија Тодорова учествувала на поголем број поетски манифестации во Македонија и поранешна Југославија, меѓу кои и „Млада Струга“, „Мајски поетски средби“, „Горданино пролеќе“, „Бранково коло“ и т.н. Објавувала песни во весници и периодика („Омладинске новине", „Повод", „Стремеж", „Балкански книжевен гласник"[2], „Везилка“, „Современи дијалози”[3], „Litterateur RW”[4], “Poetry Planetariat” и т.н.), а застапена е и во неколку македонски и меѓународни поетски избори и антологии.

Поезија:

Застапена е и во следниве поетски книги:

  • „Хаику зборник – Лудбрег 2025”, ЦКИ Лудбрег (2025)
  • „Хаику миг”, ИНАКУ, Скопје (2024)[6]
  • Алманах, „Фрида – жените зборуваат”, Книжевни вертикали, Белград (2023)
  • Меѓународна поетска антологија, „Женски врисок”, (2023)
  • Антологија, „Скопски вознеси", Феникс, Скопје (2023)[7]
  • Современи светски поети, том 2, Poetry and Literature World Vision (2023)
  • „Современи кратки книжевни форми", ИНАКУ,  Скопје (2021)[8]
  • Избор, „Песни за Скопје", Феникс, Скопје (2021)[9]
  • Зборник, „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“, Сиднеј (2003)[10]
  • Зборник со љубовна поезија, „Коти на копнежи и страст", Сиднеј (2003)
  • Зборник поезија, „Поетски иселенички меридијани", Скопје (1996)[11]
  • Антологија, „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј (1996)
Remove ads

Позначајни награди и признанија

Емилија Тодорова е повеќепати наградувана за поезија и кратки книжевни форми во поранешна Југославија, Македонија, Австралија, САД и Италија.

Добитник е на следниве награди:

  • Почесна награда на меѓународниот поетски конкурс „Амилкаре Солферини” (Италија, 2024)
  • Награда „Стојан Христов“ (2022), при Струшките вечери на поезијата – за збирката поезија „Гравитација"[12]
  • Откупна награда на конкурсот за краток расказ на весникот „Нова Македонија“ – за расказот „Големиот чекор“, (2022)[13]
  • Прва награда на Меѓународен аматерски поетски конкурс (Мериленд, САД, 2006)
  • Избрана во десетте најдобри млади поети на Југославија – „Горданино пролеќе“ (1985)
  • „Мајски поетски средби” (1984, 1985) – две први и една трета награда
  • „Бранково коло“ (1985) – откупна награда за циклус песни

За својот општествен придонес добитник е и на неколку значајни австралиски признанија, од кои се издвојуваат:

  • Орден за општествени заслуги (2006) – доделен од Гувернерот на Австралија[14]
  • Златен медал на Федерацијата на Советите на етничките заедници на Австралија (FECCA) – за унапредување на мултикултурните односи (2005)[15]
  • Награда за Денот на Австралија (2004) –  за извонреден придонес во градењето меѓусекторски партнерства
  • Прва награда на национален конкурс на Оптус (Optus) во Австралија за креативен маркетинг (2020)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads