Ена (река)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ена (река)map
Remove ads

Ена (француски: Aisne) — река во североисточна Франција, лева притока на Оаза. По неа е наречен и департманот Ена. Во римско време реката се нарекувала Аксона.

Кратки факти Ена, Местоположба ...
Thumb
Германски ровови долж реката Ена во Првата светска војна.

Реката извира во Аргонската шума во подрачјето на Рамберкур Сомен близу Сент Менеу. Тече на север, а потоа на запад, пред да се влее во реката Оаза кај Компјењ. Ена е долга околу 290 км. Во Првата светска војна, во долините на реката се одиграле три жестоки битки.

Дел од Ена во должина од 57,1 км е канализиран[1] и има 7 преводници.

Remove ads

Населени места

Департмани и населени места по течението на реката:

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads