Оаза (департман)
департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оаза (француски: Oise) — департман во регионот Горна Франција на северот на истоимената земја. Наречен е по реката Оаза.
Remove ads
Историја
Оаза е еден од изворните 83 департмани воведени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Создадена е земајќи делови од покраините Ил де Франс и Пикардија.
По извојуваната победа во Битката кај Ватерло, британската војска го окупирала департманот, што траело од јуни 1815 доноември 1818 г.
Географија
Оаза е дел од денешниот регион Горна Франција и лежи на 35 км северно од Париз. Опкружен е од департманите Сома, Ена, Сена и Марна, Долина на Оаза, Ер и Приморска Сена.
Поважни населени места
Remove ads
Туризам
Највеќе посетители во департманот добива забавниот парк „Астерикс“ отворен 1989 г. Други места од особено културно-историско значење се катедралата „Св. Петар“ во Бове, замокот Пјерфон обновен од Ежен Виоле ле Дик и ликовната збирка во Шантији, една од најголемите вон Париз.
- Ликовна галерија во замокот Шантији
- Катедралата „Св. Петар“ во Бове
- Луда железница во паркот „Астерикс“
- Изложен тенк „Рено ФТ“ кај Компјењ
- Замокот Пјерфон
Збратимени места
Оаза е збратимена со грофовијата Бедфордшир во Англија.
Едно од селата во поречието е Овер на Оаза, познато како свратилиште на разни импресионистички уметници. Овде Винсент ван Гог ги провел последните 70 дена од животот и тука е закопан, заедно со брат му Тео.
Поврзано
- Окрузи во Оаза
- Кантони во Оаза
- Општини во Оаза
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads