Ендемизам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ендемизам
Remove ads

Ендемизамеколошка појава при што еден организам живее само во една географска област или тип на живеалиште и го нема никаде на друго место. Таквиот се нарекува ендемит или ендем.[1] Организмите што се домородни во одредена област не се ендемски доколку се среќаваат и на други места. Крајно спротивната состојба на ендемизмот е космополитизмот.

Thumb
Галапагоска желка — џиновска едемска желка од архипелагот Галапагос
Thumb
Вилдпретова волчја опашка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови
Thumb
Поштенска марка со алшарска темјанушка — ендемит од местото Алшар на планината Кожуф, јужна Македонија

Настанокот и одржувањето на ендемизмот зависи од физички, климатски и биолошки фактори, но зависи и од правна заштита на организмите и практиките на луѓето во тоа подрачје.

Постојат две поткатегории на ендемизам — палеоендемизам и неоендемизам. Палеоендемизмот е појава каде еден вид порано бил нашироко распространет, но денес е ограничен на мало подрачје. Неоендемизмот се однесува на видови што се јавиле неодамна со разгранување и репродуктивна изолација, или пак оние создадени со вкрстување кои со време добиле статус на посебен вид. Ова е честа појава кај растенијата, особено оние што се одликуваат со полиплоидија.

Ендемските типови и видови особено се среќаваат во биолошки изолирани подрачја (најчесто острови) поради географската оддалеченост од други живеалишта. Тука се вбројуваат оддалечените островски групи како Хаваите, архипелазите Галапагос и Сокотра и биолошки изолираните неостровски подрачја како горските предели на Етиопија. Во водните живеалишта, ендемите се јавуваат во поголеми самостојни водни површини како Бајкалското и Охридското Езеро.

Видовите кои се ендемски лесно стануваат загрозени или изумираат доколку нивното ограничено живеалиште претрпи измени. Факторите на промена можат да бидат човечки и природни. Меѓу човечките, особено големо блијание има доведувањето на нови организми. Еден пример е населувањето на Бермуда, каде, на почетокот на XVII век, имало милиони бермудски бурници и бермудски смреки. Кон крајот на векот, бурниците се сметале за изумрени. Во XX век смреките настрадале од ненамерно донесен паразит и, поради нивната оскудност (векови експлоатација за бродоградба) речиси изумреле. Иако не се изумрени, бермудските бурници и смреки денес се многу ретки, како и други ендемски видови на Бермуда.

Remove ads

Екорегиони со висок степен на ендемизам

Според Светскиот фонд за природа (WWF), следниве екорегиони имаат највисок процент на растителни ендемити:

Remove ads

Поврзано

  • Домороден вид
  • Ендемски видови во Република Македонија

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads