Бајкалско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.


Бајкалското е надлабоко езеро во светот[3] и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот.[4][5] Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години,[6][7] и затоа е најстаро езеро во светот.[8] Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.[9]
Коритото на езерото е толку големо што на сите реки во светот би им требало една година за да го наполнат. Инаку, во езерото се влеваат над 300 реки, а само една третина од дотекот на вода се излева од езерото преку реката Ангара.[10]
Remove ads
Бури
За време на зимските месеци околните планини го насочуваат движењето на силните бури по должината на Бајкалското езеро.
Риболов
Бајкалското езеро претставува важен извор на храна на жителите кои живеат на неговите брегови и покрај фактот дека најголем дел од годината е покриено со мраз. Тамошните рибари користат традиционални начини на риболов низ дупки направени во мразот. Најмногу се лови белицата (бајкалски омул), иако во езерото живеат 56 видови риба, а половината од нив живеат единствено во водите на ова езеро.[11]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads