Ендокрина жлезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еднокрините жлезди (латински: glandulae sine ductibus) создаваат хемиски материи кои му се потребни на организмот за правилно да расте и да ги извршува функциите. Хемиските материи кои ги создаваат овие жлезди (на пр. хипофизата и штитната жлезда) се нарекуваат хормони и влегуваат во крвотокот. Мали количини силно влијаат на органските системи. Тие можат да бидат претставени со осамени клетки, клеточни отровчиња или пак задружени клетки да формираат органи. Меѓу клетките обично се наоѓаат брајни синусоидно проширени капилари коишто обезбедуваат богата исхрана и полесно уфрлање на хормоните во крвта. Жлезди со внатрешна секреција (glanduae sine ductibus) се: хипофиза, епифиза, штитна жлезда, параштитна жлезда, градна жлезда, надбубрежна жлезда, и полова жлезда.
Регулацијата на функциите во организмоте под контрола на два система: нервен систем и хормонален (ендокринен) систем. Нервниот и ендокриниот систем формираат едиствен нервно - ендокринен регуларен систем, во кој нервниот систем има доминантна улога. Името хормон има грчко потекло, а значи дразнам, поттикнувам. Во физиологијата го има воведено англискиот физиолог Старлинг. Денешните сознанија укажуваат дека има и такви хормони кои дејствуваат и спротивно, сопирајќи или забавувајќи некоја функција.
Хормоните претставуваат биолошки високо активни материи, со конкретно дејствување врз диференцирани клетки и ткива во организмот.
![]() | Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Хемиска структура на хормоните
- белковини — хормони на аденохипофизата;
- полипептиди — инсулин и нервохипофиза;
- стероиди — хормони на кората на надбубрежните жлезди и полови хормони;
- деривати на фенолот — катехоламини.
Хормоните според местото на дејството
- хормони со локално дејство;
- хормони со општо дејство;
Во хормони со локално дејство се: ткивните хормони гастрин, ацетил холин, секретин, ренин, холецистокинин, панкреазимин, ентерогастрин, леукопластин и др.
Во хормони со општо дејство се: хормоните за раст и развој, оние хормони кои кои го регулираат метаболизмот (хормоните на штитната жлезда, TSH - соматотропен ослободувачки хормон, панкреас и др.).
Во хормони со конкретно дејство се: тиреотропен хормон (TSH), делува на штитната жлезда, антидиуретичен хормон (ADH), дејствува на завршниот дел на тибулите во бубрегот, и дејствува на строго одредени клетки и ткива.
Remove ads
Основни дејства на хормоните
Хормоните во организмот земаат учество во регулацијата на голем број процеси одговорни за одржување на постојаноста на внатрешната средина. Тоа се постигнува преку регулацијата на метаболитичките реакции на јаглехидратите, мастите, белковините, електролитите и водата.
Хормоните земаат учество во процесите на растење, полово созревање, размножување и трофичните промени во организмот.
Некои од активностите на централниот нервен систем зависат од активноста на хормоните. Сите овие функции хормоните ги остваруваат преку многу сложени механизми за дејствување: дејствување преку ДНК во клеточното јадро, преку создавање на 3 - 5 цикличен аденозин моносфат (цикличен AMF), преку зголемувањето на пермеабилноста на клеточните мембрани и посредно преку т.н. повратни врски со реакцијата со супстратот.
Еднокрини жлезди
Надворешни врски
Болести на штитната жлезда хипотироизам[мртва врска]
Рак на штитна жлезда Архивирано на 5 март 2016 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads