Тестис

мобилен тестис и неспуштен тестис From Wikipedia, the free encyclopedia

Тестис
Remove ads

Машките семени жлезди, тестикули[1] или тестиси[2] (народно наречени мадиња[3], јајца[4], ташаци[5] или семеници) се два јајцевидни органи 4,5х3,0х2,0см. Обично левиот тестис е поголем од десниот, како поставен подолу од десниот. Секој тестис е разделен на 250-300 мали делови, во кои се наоѓаат свиени семени, наречени тестикуларни каналчиња. Растеглени едноподруго, тие образуваат должина од 150 метри и завршуват со мали излезни каналчиња кај главата на надсеменикот. Создавањето на сперматозоиди започнува во семените каналчиња, при што семените клетки , се наоѓаат во различен стадиум на развитокот, се распространети меѓу сертолиевите клетки. Семените каналчиња се обградени од меѓина. Во ред со други клетки во неа се распространи и Лајдигови клетки. Тие го создаваат машкиот полов хормон тестостерон. Тестисите се сврзани со расклонет садов систем. Мрежата од капилари осигурува сложените контакти помеѓу образувањето на хормони и созревањето на сперматозоидите.

Кратки факти Тестис, Податоци ...
Thumb
Анимација на движење на сперматозоити од нивното место на создавање како герминативни клетки до нивното излегување од vas deferens. A.) Крвни садови; B.) Глава на надсеменик; C.) Efferent ductules; D.) Seminiferous tubules; E.) Parietal lamina of tunica vaginalis; F.) Visceral lamina of tunica vaginalis; G.) Cavity of tunica vaginalis; H.) Tunica albuginea; I.) Lobule of testis; J.) Опашка на надсеменикот; K.) Тело на надсеменикот; L.) Mediastinum; M.) Vas deferens.
Remove ads

Структура

Изглед

Thumb
машки гонади (тестиси, лево) и женски (јајници, десно)

Мажите имаат два тестиси со слична големина и се наоѓаат во скротумот, кој е продолжение од стомачниот ѕид. Скроталната асиметрија не е вообичаена: еден од тестисите е поиздолжен од другиот поради разликите во анатомијата на крвните садови.

Мерки

Зафатнината на тестисите може да се процени преку опипување и со споредба елипсоиди со познати големини. Друг метод е да се користи калипер (орхидометар) или пак линеар на самото лице или на слика од ултрзвук каде се определени големините на x, y, и z оските (должина, ширина и висина). Овие мерења може да бидат искористени за пресметување на зафатнината, користејќи ја равенката за зафатнина на елипсоид: 4/3 π × (должина/2) × (висина/2) × (ширина/2).

Димензиите на тестистите кај возрасен маж просечно изнесуваат 5 cm должина, 2 cm ширина и 3 cm висина (5 × 2 × 3 cm). Според Танеровата скала за зрелост на машките полови органи дава вредности за нивото на нивната зрелост почнувајќи од ниво I, со зафантнина помала од 1,5 ml; до ниво V, со зафатнина поголема од 20 ml. Нормалната зафатнина се движи меѓу 15 до 25 ml; просекот е 18 cm³ по тестис (се движи од 12 cm³ до 30 cm³.[6]

Внатрешна структура

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads