Ениќој (општина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ениќој (општина)
Remove ads

Општина Ениќој (грчки: Δήμος Αμφίπολης, Димос Амфиполис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Радулево (Родоливос). Поголем дел од општината припаѓа на традиционалната историско-географска област Зихна.

Повеќе информации Општина Ениќој Δήμος Αμφίπολης, Карта на општина Ениќој ...
Remove ads

Населени места

Општината Ениќој е создадена на 1 јануари 2011 по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Ениќој (Амфиполи), Кормишта (Кормиста), Ќупќој (Проти) и Радулево (Родоливос).

Општинска единица Ениќој

Thumb
Поранешната општина Ениќој на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Ениќој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Провишта
  • село Провишта (или Превишта; Παλαιοκώμη, Палеокоми)
  • село Ново Фили (Νέα Φυλή, Неја Фили) новосоздадено
  • Општински оддел Ениќој
  • Општински оддел Локвица
  • село Локвица (Μεσολακκιά, Месолакија)
  • село Нова Локвица (Νέα Μεσολακκιά , Неја Месолакија) новосоздадено
  • Општински оддел Ново Крушево
  • село Ново Крушево (Νέα Κερδύλια, Неја Кердилија)
  • село Новокрушевски Брег (Ακτή Νέων Κερδυλίων. Акти Неон Кердилион)
  • село Лимани (Λιμάνι) новосоздадено
  • село Лонкари (Λογκάρι) новосоздадено
  • село Сиќа (Συκιά) новосоздадено

На територијата на општинската единица се наоѓале и поранешните села Горно Крушево (Ано Кердилија) и Долно Крушево (Като Кердилија) чие население е префрлено во новосоздаденото Ново Крушево.

Општинска единица Кормишта

Thumb
Поранешната општина Кормишта на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Кормишта со седиште во Нова Бафра ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во историско-географската област Зихна во Источна Македонија:

  • Општински оддел Нова Бафра
  • село Нова Бафра (Νέα Μπάφρα, Неја Бафра) новосоздадено
  • Општински оддел Баница
  • село Баница (или Баништа; Συμβολή, Символи)
  • село Горна Баница (Άνω Συμβολή, Ано Символи)
  • Општински оддел Кормишта
  • Општински оддел Череплен
  • село Череплен (или Черепљан; Ηλιοκώμη, Илиокоми)

Општинска единица Ќупќој

Thumb
Поранешната општина Ќупќој на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Ќупќој со седиште во Ќупќој ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:

  • Општински оддел Ќупќој
  • Општински оддел Анџишта
  • Општински оддел Витачишта

Општинска единица Радулево

Thumb
Поранешната општина Радулево на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Радулево со седиште во Радулево ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:

  • Општински оддел Радулево
  • село Радулево (или Радолиово; Ροδολίβος, Родоливос)
  • Општински оддел Волчишта
  • Општински оддел Шемолтос
  • село Шемолтос (или Шемалтос, Семалто; Μικρό Σούλι, Микро Сули)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads