Еребица камењарка
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еребицата камењарка (Alectoris graeca) е од семејството на фазаните, редот на кокошковидните. Распространета е во југозападниот дел на Азија и југоисточна Европа. Еребицата камењарка ја има и во Македонија.


Remove ads
Опис
Еребицата камењарка има округол облик, а боите ѝ се слични на боите на камењата. Претежно е сива, со светлокафеав грб, сиви гради и кремава боја на стомакот. Лицето ѝ е бело со црни линии, а на крилјата има коцкести шарки. Нозете ѝ се црвени. Кога ќе се вознемири, таа претопчита да трча повеќе отколку да лета, но ако е неопходно ќе прелета кратко растојание. Има должина до 36 см, а распонот на крилјата може да ѝ достигне до 60 см. [2]
Живеалиште и размножување
Оваа еребица живее на суви и отворени места, често во ридест предел. Создава мали јата и не е птица преселница. По острите и бучни звуци, како „га-га-га-га-чакара-чакара-чакара“, се разликува од сличните на неа птици. Гнездото го прави на земја, едвај постилајќи некое гранче, и несе од 5 до 21 јајце. Се храни со разни семиња и инсекти.
Remove ads
Статус
Овој вид е во опаѓање во делови од нејзиниот опсег што се должи на загубата на живеалиштата и на претераниот лов. И покрај тоа што генерално успева да се одржи како вид, статусот на Сицилија заслужува внимание.
Систематизација
Има три подвида (McGowan 1994), кои се разликуваат претежно во боите, но и според молекуларните студии (Randi 2006):
- A. g. graeca (Meisner, 1804) - Источна еребица камењарка
- Источна Босна и Херцеговина до Грција, Бугарија, Македонија.
- A. g. saxatilis (Bechstein, 1805) - Централна еребица камењарка
- Јужниот дел на Алпите до западна Босна и Херцеговина.
- A. g. whitakeri Schiebel, 1934 - Сцилијанска еребица камењарка
- Само на Сицилија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads