Ернст Касирер

германски филозоф From Wikipedia, the free encyclopedia

Ернст Касирер
Remove ads

Ернст Алфред Касирер (28 јули 1874 , Вроцлав - 13 април 1945 , Њујорк) бил германски филозоф.

Кратки факти Ернст Алфред КасирерErnst Alfred Cassirer, Роден(а) ...

Касирер развил теорија за симболика и ја искористил за проширување на феноменологијата на знаењето во поопшта филозофија на културата. Касирер бил еден од водечките поборници на XX век на филозофскиот идеализам. Негови најпознати дела се Филозофија на симболичките форми (1923-1929) и Есеј за човекот (1944).

Remove ads

Животопис

Касирер е роден во Вроцлав во еврејско семејство, студирал литература и филозофија на Универзитетот во Марбург (каде ја одбранил својата докторската дисертација во 1899 година на анализата на Рене Декарт за математички и природни научни знаења со наслов: 'Kritik derhematischen und naturwissenschaftlichen Erkenntnis [Критика на Декарт за математичко и научно знаење]), а во 1906 година докторирал и на Универзитетот во Берлин (каде ја одбранил дисертацијата со наслов Das Erkenntnisproblem in der Philosophie und Wissenschaft der neueren Zeit: Ers [Проблемот на знаењето во филозофијата и науката во модерното време: том I]).

Политички, Касирер ја поддржувал либералната германска демократска партија. Откако работел долги години како предавач на „Хумболтовиот универзитет“ во Берлин, Касирер бил избран во 1919 година за предавач по филозофија на новооснованиот универзитет во Хамбург, каде предавал до 1933 година. Бидејќи бил Евреин, тој ја напуштил Германија откако нацистите дошле на власт во 1933 година.

По напуштањето на Германија предавал неколку години на Универзитетот во Оксфорд, пред да стане професор на Универзитетот во Гетеборг. Кога Касирер почнал да ја смета Шведска за премногу небезбедна, тој аплицирал за работно место на Универзитетот во Харвард, но бил одбиен затоа што триесет години претходно тој ја одбивал понуда да работа за нив. На Универзитетот Колумбија во Њујорк, предавал од 1943 година сè до неговата смрт во 1945 година.

Касирер починал од срцев удар во април 1945 година во Њујорк. Неговиот гроб се наоѓа во Вествуд, Њу Џерси.

Remove ads

Позначајни дела

  • Филозофија на симболичките форми (1923-29)
  • Јазик и мит (1925)
  • Индивидуализмот и космосот во ренесансната филозофија (1927)
  • Кант и проблемот со метафизиката. Коментари на толкувањето на Мартин Хајдегер за Кант (1931)
  • Филозофија на просветителството (1932)
  • Логика на културните науки (1942)
  • Есеј за човекот (1944)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads