Рене Декарт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рене Декарт
Remove ads

Рене Декарт (фр. René Descartes, 31 март 1596 Стокхолм, 11 февруари 1650 ), исто така познат и како Картезиус, работел како филозоф, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.

Thumb
Портрет на Рене Декарт од Франс Халс

Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката — темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се: „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методот“, „Медитации“ и „Геометрија“.

Декарт, понекогаш нарекуван „основач на модерната филозофија“ и „татко на модерната математика“, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици, како и следните генерации на филозофи.

Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи: „Мислам, значи постојам“.

Remove ads

Животопис

Декарт е роден на 31 март 1596 година во Ла Еј, во реонот Индре-ет-Лоар, од татко Јоаким, советник на парламентот во Рен, и мајка Жана Брошар, која умрела набрзо по породувањето. Во 1604 година се запишува на Исусовскиот колеџ во Ла Флеш, каде се запознава со Мерсен. Таму ја изучувал филозофијата, а школувањето го завршил во 1612 година. Во 1613 година се доселил во Париз, каде една година подоцна се запознал со математичарот Мидорж и така почнал да ја изучува математиката. Во текот на 1615-1616 година, тајно заминал во Поатје, каде учел право. Во 1617 година ѝ се придружил на војската на Морис Насавски и две години престојувал во Бреда, за време на примирјето меѓу Шпанците и Холанѓаните. Во јули 1619 година на напуштил војската на Насавски и преминал кај војводата од Баварија. На 28 јули, истата година, во Франкфурт, присуствувал на крунисувањето на царот Фердинанд II. Исто така, учествувал во битката кај Прага, некое време бил дел од воениот поход на грофот од Бикој против Бетлен Габор, а по смртта на грофот, патувал низ Моравија, Шлезија, Бранденбург и Фризија. Во текот на 1621-1622 година престојувал во Хаг, а во 1623 година се вратил во Франција и го продал својот имот. Во 1623-1625 година, патувал низ Италија и Швајцарија при што присуствувал на прославата на јубилејот на Папа Урбан VIII, одржана во Рим. Во периодот од 1625 до 1628 година, престојувал во Париз, учествувал во опсадата на Ла Рошел, а потоа се преселил во Холандија, каде почнал да се занимава со филозофија. Во 1633 година имал намера да го објави делото „Свет“, но се поколебал, дознавајќи за судбината на Галилео Галилеј. Во текот на 1634-1635 година живеел во незаконски брак со некоја жена со име Елена со која ја добил ќерката Франсина, која умрела во 1640 година. Во периодот од 1637 до 1649 година, Декарт објавил повеќе свои дела, а во 1649 година заминал во Стокхолм на повик на крлаицата Кристина. Починал на 11 февруари 1653 година, а во 1667 година, неговите посмртни остатоци биле пренесени во Париз, каде биле закопани во црквата Сен Етјен-ди-Мон.[1]

Во своето дело „Расправа за методата“, Декарт се осврнува на своето образование, сведочејќи дека уште во детството се посветил на науката, убеден дека таа ќе му овозможи да стекне знаење за сето она што е корисно за животот. Меѓутоа, штом ги завршил студиите, потполно го променил мислењето, откривајќи дека во текот на образованието се соочил со бројни заблуди и сомнежи, така што единствената корист од учењето се состоела во тоа што го открил своето незнаење. Сепак, тој неуморно учел, покажувајќи интерес за јазиците, за книжевноста, за историјата, за говорништвото, за поезијата, за математиката, за етиката, за филозофијата, и за медицината. Притоа, најмногу му се допаѓала математиката поради јасноста и извесноста на нејзините принципи, иако во тоа време сè уште не ја воочил нејзината вистинска вредност. Покрај тоа, високо ја ценел и христијанската теологија и тежнеел кон вечното блаженство, но не се осмелувал да се зафати со подлабоко проучување на теолошките проблеми. Наспроти нив, тој ги презирал астрологијата, алхемијата и магијата. Според сведочењето на Декарт, разочаран од вредноста на образованието, кога ја достигнал соодветната возраст за да се ослободи од учителите, целосно го напуштил изучувањето на науките и остатокот од младоста го минал во патување низ Европа. Така, изучувајќи ја „книгата на светот“ и среќавајќи се со обичаите на другите луѓе, тој полека се ослободил од заблудите, стекнал соодветно искуство и решил да се посвети на проучување на самиот себе.[2]

Remove ads

Декарт и физиката (проучување на светот)

Во своите книги „Правила за насока на умот“ (1628) и „Расправа за методата“ (1637) Декарт пишувал за научниот метод што се занимава со научен пристап, размислување, метод што тој го измислил. Тој исто така пишувал за формите (геометрија), светлината (оптика) и времето (метеорологија). Потоа измислил начин за опишување на форми кои сега се нарекува Декартов координатен систем и теорија за тоа што сега се нарекува виножито. Физиката на Декарт била важна за подоцнежниот познат мислител, Исак Њутн, кој рекол за него, како и Џејмс Хук: „Ако видов понатаму, тоа беше затоа што стоев на рамениците на џинови!“

Remove ads

Декарт и филозофијата (проучување на апстрактни идеи)

Во својата книга „Размислувања за првата филозофија“ (1641) Декарт го користел својот научен метод за да разгледа филозофски прашања. Тој се спротивставил на скептицизмот (ставот дека светот не е реален и дека не постои). Открил дека тој и самиот мора да е вистински (постои), затоа што чувствува дека размислува; и ако размислува, тогаш тој мора да бил вистински. Ова е затоа што ако тој не е вистински, тогаш како би го имал ова чувство за кое размислувал. Тој го скратил ова гледиште, велејќи на латински: „Cogito ergo sum“, што значи: „Мислам, зnaчи постојам“.

Исто така, тој сметал дека може да покаже дека Бог постои, на ист начин како што чувствувал дека размислува. Декар изјавил дека Бог е ист како бесконечноста и дека тој јасно може да ја види бесконечноста, затоа што може да мисли на секој поголем предмет, но не и на најголемиот предмет. Декарт рекол дека ако Бог постои, тогаш мора да постои и светот, бидејќи Бог бил добар и не дозволувал да мислиме дека светот е реален (постои) ако не бил реален.

Конечно, Декарт сметал дека, бидејќи знае дека размислува, но знае и сè друго за себе (на пример дека има две раце и две нозе), затоа што знае дека Бог постои, тогаш тој мора да биде составен од две работи: ум што мисли и тело кое е независно од размислувањето, но сепак тие се обединети заедно. Ова се нарекува „картезијански дуализам“.[3]

Творештво

Декарт е автор на следниве дела:[4]

  • „Расправа за методата за правилна употреба на разумот и потрагата по вистината во науката. Плус диоптриката, метеорите и геометријата, како обид за примена на оваа метода“ (I discours de la methode pour bien conduire sa raison et chercher la verite dans les scienes. Plus la dioptrique, les meteores et la geometrie qui sont des essais de cette methode, 1637). Изданието на латински јазик било објавено во 1644 год.
  • „Медитации за првата филозофија, во кои се демонстрира постоењето на Бога и бесмртноста на душата“ (Meditationes de prima philosophia, in qui-bus de existentia et animae immortalitas demonstrantur, 1641). Делото ги содржи забелешките на Катерус, Мерсен, Хобс, Арнол и Гасенди, заедно со одговорите на Декарт на тие забелешки. Во 1642 година се појавило второто издание, проширено со забелешките на отец Бурден и Декартовиот одговор на нив.
  • „Принципи на филозофијата на Рене Декарт“ (Renati Decarstes Principia philosophiae, 1644). Во 1647 година се појавил преводот на француски јазик со насловот „Принципи на филозофијата напишани до Рене Декарт и преведени на француски јазик од неговите пријатели“ (Les principes de la philosophie ecrits en latin par Rene Descartes et traduits en francais pa rim de ses amis)
  • „Страстите на душата“ (Les passions de l'ame, 1649)
  • „Расправа за човекот и за создвањето на фетусот“ (Le traite de l'homme et de la formation du foetus, 1664)
  • „Светот на Декарт, или Расправа за светлината(Le monde de Descartes, ou Traite de la lumiere, 1664). Второто издание се појавило во 1677 год.
  • „Писмата на Декарт, или Расправи во кои се дискутира за најубавите прашања од моралот, физиката, медицината и математиката, претставени во јавноста од господинот Клерелие“ (Les lettres de Rene Descartes, ou Sont traitees les plus belels questions de morale, de physique, de medecine et de mathematique, donnees au public par le sieur Clerselier, 1667)
  • „Расправа за механиката“ (Traite de la mecanique, 1668)
  • „Посмртни мали творби за физиката и математиката“ (Opuscula posthuma physica et mathematica, 1701). Оваа книга ги содржи следниве дела: „Свет“ (Mundus), „Расправа за механиката“ (Traite de la mecanique), „Објаснувањата на Н. Поасон за Декартовата музика“ (N. Poissonii elucidationes in Cartesii musicam), „Правила за насочување на умот, како и Истражување на вистината за природната светлина“ (Regulae ad directionem ingenii, ut et Inquisitio veritatis per lumen naturale), „Првите мисли“ (Primae cogitationes) и „Извадоци од господинот Декарт“ (Excerpta en Mssr Descatres)
Remove ads

Значење и влијание

Една песна од стихозбирката „Шифра“ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1981 година носи наслов „Декарт“.[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads