Ернст Руска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ернст Руска
Remove ads

Ернст Руска (германски: Ernst Ruska 25 декември 1906 27 мај 1988 )[1]германски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1986 година за неговата работа во електронската оптика, вклучувајќи го тука и првиот електронски микроскоп.[2]

Кратки факти Ернст Руска, Роден(а) ...
Thumb
Електронскиот микроскоп составен од Ернст Руска во 1933 година
Remove ads

Живот и кариера

Руска е роден во Хајделберг. Се образувал на Минхенскиот технички универзитет од 1925 до 1927 и пота продолжил на Берлинскиот технички универзитет, каде тврдел дека микроскопи кои користат електрони, со бранови должини 1000 пократки од оние на светлината, можат да обезбедат поквалитетна слика на набљудуваниот предмет отколку микроскопот кој користи видлива светлина, каде зголемувањето е ограничено со големината на брановите должини. Во 1931 година, тој покажал дека магнетнтата намотка може да се користи како електронска леќа, при што искористил неколку намотки во серија за да го направи првиот електронски микроскоп во 1933 година.

По завршувањето на својот докторат, Руска продолжил да работи на полето на електронската оптика, прво во Фернзе Ltd во Берлин-Целендорф, а подоцна од 1937 година во Сименс. Во Сименс, бил вклучен во развојот на првиот комерцијален електронски микроскопи во 1939 година. Како што ја развивал технологијата за електронскиот микроскоп во Сименс, Руска истовремено работел и за други научни институции, и го охрабрувал Сименс да изгради лабораторија за размена на истражувачи, која првично била раководена од братот на Руска, Хелмут, доктор кој ја развил употребата на електронскиот микроскоп за медицински и биолошки примени.

По напуштањето на Сименс во 1955 година, Руска бил директор на Институтот за електронска микроскопија при Институтот „Фриц Хабер“ сè до 1974 година. Паралелно, тој работел и на институтот и како професор на Берлинскиот технички институт од 1957 година па сè до неговото пензионирање во 1974 година.

Во 1960 година тој ја добил Ласкеровата награда.[3] Во 1986 година, бил награден со Нобеловата награда за физика за неговите многубројни постигнувања во електронската оптика, заедно со Герд Биниг и Хајнрих Рорер кои добиле четвртина од наградата за осмилувањето и создавањето на отчитувачкиот тунелски микроскоп. Тој починал во Западен Берлин во 1988 година.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads