Еронго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еронго (англиски, африкаанс и германски: Erongo) е еден од 14-те региони во Намибија. Административен центар на регионот е градот Свакопмунд. Овој регион ја опфаќа областите на градовите Свакопмунд, Волвис Беј, Омаруру и Карибиб. Името на регионот потекнува од планината Еронго, добропозната географска одлика на Намибија во овие предели.
Remove ads
Географија
Регионот се наоѓа во средишниот дел на Намибија. На запад регионот излегува на Атлантскиот Океан, на север се граничи со региоонот Кунене, на североисток со регионот Очозондјупа, на југоисток со Комас и на југ со Хардап. Вкупната површина на регионот е 63,539 км2.
Развој
Во регионот оперираат различни рудници, меѓу кои и рудникот за злато Навачаб. Во Карбиб има развиена индустрија за мермер. Валвис Беј е центар за рибната индустрија во Намибија, а воедно во Волвис Беј се наоѓа единственото пристаниште во државата за големи бродови кои побаруваат длабоки води. Познатите туристички места се Свакопмунд и Лангстранд. Свакопмунд е и значаен бродоградежен центар во државата
Регионот има развиена патна инфраструктура, а многу добро развиени и општествено-социјални капацитети. На пример, во регионот има 66 училишта со вкупно 32.144 ученици (податоци за 2013 г.).[5]
Remove ads
Административни единици
Регионот е поделен на седум административни единици:
- Арандис
- Даурес
- Карибиб
- Омарору
- Свакопмунд
- Рурален Волвис Беј
- Урбан Волвис Беј
Демографија
Според пописот од 2001 година, Еронго имал население од 107.663 жители и со годишен раст од 1.3%. Стапката на плодност била 3.2 деца по жена. Од вкупното население, 80% живееле во урбана средина, а 20% во рурална. Густината на населението била 1.7 човек на километар квадратен.[6]
Најзборуван јазик во регионот е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (22%) и наманскиот (21%) и германскиот.[7] Писмениста во регионот е 95%.[6]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads