Комас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комас (англиски, африкаанс и германски: Khomas) е еден од 14-те региони во Намибија. Името на регионот потекува од висорамнината Комас, географска одлика која е доминантна во овој регион.
Remove ads
Географија
Центар на Комас е Виндхук и поради тоа овој регион е со најдобра инфраструктура и најголем развој во државата. Регионот е скоро целосно во висорамнината. На запад и северозапад се наоѓа регионот Еронго, на север Очозондјупа, на исток Омахеке и на југ регионот Хардап. Во регионот има многу долини. Комас е еден од трите региони во државата кои немаат излез на море или делат меѓународна граница. Овој регион има вкупна површина од 36,964 км2 или 4,5% од вкупната површина на Намибија.[5] Во однос на бројот на жителите, овој регион е најнаселен.
Remove ads
Административни единици
Регионот е составен од 10 административни единици:[6]
- Џон Пандени
- Централна Катутура
- Источна Катутура
- Северен Комасдал
- Мосес
- Самора Машел
- Тобијас Хајњеко
- Западен Виндхук
- Источен Виндхук
- Рурален Виндхук
Развој
Комас е економски, инфраструктурно и транспортно најразвиен во државата. Во регионот има над 100 училишта со околу 73,302 ученици (податоци за 2013 година).[7]
Население
Според пописот од 2001 година, Комас имал население од 250,262 жители со годишен раст од 4%. Стапката на плодност во регионот била 4,9 деца по жена. Околу 93% од населението на регионот живее во урбана средина. Густината на населението била 6,8 лица на километар квадратен.[8] Една третина се Белци и „обоени“.
Најчесто говорен јазик во државата е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (24%), намански (13%) и херерски (9%). Покрај овие, во регионот се зборуваат и англиски и германски.[9] Писменоста во регионот е 94%.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
