Есмералда (ТВ серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Есмералда е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно преикажувана во Мексико во 1997 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 1999 година. Серијата во Мексико доби наградата за најдобра теленовела на годината.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Синопсис
Една врнежива ноќ се родени две бебиња, секое од нив ги чека прегратката од својата фамилија. Но, опсесивната желба за машки наследник, ќе ги натера Доминга и Крисанта, две бабици, да ги заменат новороденчињата. Момчето е родено во мала куќа, но првпат заплакал во огромна вила, додека девојчето кое се лулало во сребрена колевка, своите први чекори ги направила по шумските стази. Цената на молкот за оваа страшна тајна се двете смарагдни обетки, и девојчето е наречено по нив, Есмералда. Родена е слепа, но добрината во нејзиното срце и дава доволно светлина во нејзиниот живот. Многу години подоцна, Есмералда и Хосе Армандо се запознаваат и се заљубуваат еден во друг. Но, тајната од нивното минато, наскоро ќе излезе на виделина.
главна глумица во филмот е Есмералда-Летисија Калдерон
Remove ads
Улоги
Надворешни врски
- Сериалс.ру Архивирано на 15 октомври 2007 г.
- Интернет теленовела база на податоци
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads