Естремадурски јазик
романски јазик говорен во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Естремадурски или екстремадурски (самонар. estremeñu, eʰtːɾeˈmeɲʊ) — романски јазик кој го говорат неколку стотини илади луѓе во Шпанија, на подрачјето северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и соседните делови од покраината Саламанка.[2][3] Точната граница меѓу естремадурскиот и шпанските дијалекти кои се говорат во Екстремадура е нејасна и тешка за утврдување.
Remove ads
Говори
Говорите на естремадурскиот јазик се делат на три наречја: северно или „горно“ (artu estremeñu), средно (meyu estremeñu) и јужно или „долно“ (baju estremeñu).[3] Северното наречје, кое важи за главно,[4] се говори во северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и југозападниот дел на покраината Сакаманка (во автон. заедница Кастиља и Леон). Средното и јужното наречје се застапени во остатокот на Екстремадура. Од XVIII век наваму тие говори не се разликуваат доволно од шпанскиот за да бидат посебни јазици, туку се сметаат за наречја.
Северното наречје е присутно и во неколку села на северот на Саламанка во посебен говор наречен „реболјарски“, кој е речиси изумрен.
Remove ads
Споредба со други јазици
* Зборовите во табелата се исклучиво северноестремадурски.
** Естремадурските зборови во табелата се запишани со правописот на Исмаел Кармона Гарсија.
Remove ads
Пример
Поврзано
- Естремадурци
- Астурлеонски јазици
- Фала (јазик)
- Кастуо
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads