Ефрем Каранов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ефрем Цветков Каранов (Кратово, 28 јануари 1852 — Ќустендил, 6 декември 1927) — македонски фолклорист, историчар, преведувач, револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и општестевник во Бугарија.
Животопис
Тој бил еден од истакнатите собирачи на македонски народни умотворби и научници во Бугарија [1] со потекло од Македонија.
Студира во своjот роден град, а потоа во периодот 1864-1866 во бугарско училиште во Цариград. Завршува словенска филологиjа во Русија, каде почнува да собира фолклорни материjали, кои ги публикува во соработка со Бугарското книжевно друштво, на кое станува дописен член во 1875, а во 1884 и полн член.
По создавањето на Кнежевство Бугарија се населува во Ќустендил, а во 1895 година Каранов е еден од основачите на Македонско благотворително друштво Македонија (бугарски:Македония), по што бил избран за негов претседател.
Во 1895 година бил формираан Македонскиот комитет во Софија, а Каранов како претседател на Ќустендилското друштво активно се вклучил во револуционерната дејност на Комитетот. Веднаш по формирањето на Македонскиот комитет неговиот претседател Трајко Китанчев започнал со орагнизираање на Мелничкото востание, а собирен пункт на четите кој требало да навлезаат во Македонија била Ќустендилската област и токму таму четите биле доворужени и доопремени, а во сета дејност активно се вклучил Ефрем Каранов и Ќустендилското друштво [2].
По смрта на Китанчев и поделбите кој настанале во самиот Македонскиот комитет, Каранов почнал да се доближува до Македонската револуционерна организација, а остварува контакти и соработка со Гоце Делчев, Јане Сандански и Пејо Јаворов, токму во Ќустендилско ќе се наоѓа еден од поголемите пунктови на Македонската револуционерна организација преку која ќе минуваат четите, оружјето и др.
Ефрем Каранов починал во Ќустендил во 1927 година. Бугарскиот академик Ефрем Каранфилов е негов внук [3][4].
Remove ads
Извори
Објавени книги
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads