1875
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1875 (MDCCCLXXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1875 година од новата ера, 875. од вториот милениум, 75. од XIX век и шеста од 1870-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7383 и 7384 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6625 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5635 и 5636 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2628.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1875 година се протега во 4511 и 4512, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4571 и 4572 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2418. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1291 и 1292 исламска година.
Remove ads
Настани
Родени
- 5 јануари - Владислав Ковачев, штипски војвода и публицист.
- 14 јануари - Алберт Швајцер, хуманист, лекар, филозоф и музичар.
- 15 јануари - Војдан Поп Георгиев- Чернодрински, македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар.
- 19 февруари - Димо Хаџи Димов, македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица.
- 7 март - Морис Равел, француски композитор.
- 14 мај - Методија Патчев, македонски револуционер и деец на ВМОРО.
- 6 јуни - Томас Ман, германски писател - романописец.
- 26 јули - Карл Густав Јунг, швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија.
- 12 октомври - Алистер Кроули, британски окултист.
- 21 ноември - Никола Петров Русински, револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери.
- 4 декември - Рајнер Марија Рилке, германски писател.
Починале
- 25 април - Тринли Ѓацо — дванаесеттиот далај-лама.
- 31 мај - Елифас Леви, француски окултистички писател и кабалист.
- 4 август - Ханс Кристијан Андерсен, дански патописец и романописец, кој се прославил со своите бајки.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads