Ефтим Манев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ефтим Манев (Кавадарци, 25 јануари 1931 - Скопје, 16 март 2010 ) — македонски поет и преведувач.[1]

За други значења видете Ефтим Манев (појаснување)
Кратки факти Ефтим Манев, Роден/а ...

Животопис

Ефтим Манев е роден во Кавадарци на 25 јануари 1931 година. Завршил средно образование. Потоа студирал славистика на Универзитетот во Скопје. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга и на списанието Современост. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на стихозбирките: Моклишките ангели (1973), Ѕвездата на Витлеем (2000). Добитник на наградите: За превод - „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“, наградата на РКПЗ за најдобар превод на годината. Во 2006 е добитник на Повелбата „30 септември“, што традиционално се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна активност во оваа област[2]. Неговиот преведувачкиот опус е сочинет од над 80 прозни и поетски дела, од кои најмаркантно е ремек делото на руската и светска литература романот "Тивкиот Дон" од Михаил Шолохов. Починал на 16 март 2010 во Скопје[3].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads