Жарски Округ
округ во Лубушкото Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жарски Округ (полски: powiat żarski) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска, на границата со Германија. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Жари, сместен на 43 км југозападно од Желона Гура и 123 км јужно од Гожув Вјелкополски. Има уште три града: Лубско (21 км северозападно од Жари), Јашењ (16 км северозападно од Жари) и Ленкњица (30 км западно од Жари).
Округот зафаќа површина од 1.393,49 км2 и во 2019 г. броел 96.496 жители. Во Жари живееле 37.502 лица, во Лубско 13.921, во Јашењ 4.309, во Ленкњица 2,478, а останатите 38.286 биле по селата.
Remove ads
Соседни места
Жарскиот Округ се граничи со Кросненскиот на север, Желоногурскиот на североисток, Жагањскиот на исток и Згожелечкиот на југ. На запад се граничи со покраините Саксонија и Бранденбург во Германија (окрузите Шпре-Ниса и Герлиц).
Административна поделба
Округот се дели на десет општини од кои две се градски, две се градско-селски и шест се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2019) |
Седиште |
Жари | градски | 33,2 | 37.502 | — |
Лубско | градско-селски | 182,7 | 18.452 | Лубско |
Жари | селски | 294,4 | 12.343 | Жари* |
Јашењ | градско-селски | 127,0 | 7.040 | Јашењ |
Тшебјел | селски | 166,6 | 5.679 | Тшебјел |
Броди | селски | 240,4 | 3.413 | Броди |
Липинки Лужицке | селски | 88,6 | 3.366 | Липинки Лужицке |
Пшевуз | селски | 178,3 | 3.157 | Пшевуз |
Туплице | селски | 65,9 | 3.066 | Туплице |
Ленкњица | градски | 16,4 | 2.478 | — |
* седиштето не е дел од општината | ||||
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads