Шпре-Ниса

округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шпре-Нисаmap
Remove ads

Шпре-Ниса (германски: Spree-Neiße) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) окрузите Бауцен и Герлиц во Саксонија, окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Даме-Шпревалд и Одра-Шпре. Слободниот град Котбус е целосно опкружен од округот. На исток се наоѓа Полска.

Кратки факти Шпре-НисаSpree-Neiße, Земја ...
Thumb
Remove ads

Географија

Округот се наоѓа во областа Лужица. Реката Шпре тече низ округот, додека реката Лужичка Ниса ја создава источната граница, која во исто време претставува и граница со Полска.

Историја

Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Котбус, Форст, Губен и Шпремберг.

Грб

Thumb Грбот прикажува четири полиња посветени на претходните окрузи. Речниот рак во горниот лев дел го претставува округот Котбус и е исто така присутен во грбот на градот Котбус. Лавот во горниот десен дел е симбол на Кралството Бохемија, бидејќи Шпремберг бил посед на бохемиските кралеви. Рогот од елен во долниот десен дел го претставува Форст и бил преземен од грбот на грофовите Биберштајн. Круната во долниот лев дел ги претставува повторно кралевите од Бохемија, но овој пат претставувајќи го Губен.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads