Жиронда (департман)

департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia

Жиронда (департман)map
Remove ads

Жиронда (француски: Gironde, окситански: Gironda) – департман во регионот Нова Аквитанија на југозапад од Франција. Името го добил според естуарот Жиронда, главен воден пат. Винскиот регион Бордо е во Жиронда.

Кратки факти ЖирондаGirondeGironda, држава ...
Remove ads

Историја

Жиронда е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Била создадена од делови од поранешните провинции Гијена и Гаскоња.

Од 1793 до 1795 година, името на департманот било сменето во Бек д’Амбес за да се избегне асоцијација со револуционерната партија на жирондистите.

Географија

Жиронда е дел од сегашниот регионНова Аквитанија и граничи со департманите Ланд, Лот и Гарона, Дордоња и Приморска Шаранта, а со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од 10.000 км2 Жиронда е најголемиот департман на метрополитенска Франција. Ако се вклучат и прекуморските департмани, тогаш Жиронда изгледа како џуџе во однос на Француска Гвајана чија површина изнесува 83.846 км2.

Жиронда е позната по најдолгата плажа во Европа „Сребрен Брег“, која привлекува многу сурфери. Исто така, во Жиронда е роден Жак Ив Кусто истражувач на морињата и сите форми на живот во вода.

Големата дина во Пила во Аркашонскиот Залив близу Бордо е највисоката песочна дина во Европа.[1]

Remove ads

Туризам

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads