Жолни
семејство птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолни (науч. Oriolidae) — фамилија врапчевидни птици од Стариот Свет.
Remove ads
Таксономија
Фамилијата жолни ги соединува „смоквините птици“ од родот Sphecotheres и жолните од Стариот Свет од родот Жолни.[1] Оваа фамилија не е поврзана со жолните на Новиот Свет кои се од фамилијата на Иктеридите.
Опис
Жолните се средни врапчевидни птици, долги од 20 до 30 см, а женките се само малку помали од мажјаците.[1] Клунот им е малку кукасто свиткан. Перјето на повеќето видови е светло и впечатливо, додека кај женките тоа е малку поскромно. Перјето на многу австралиско-азиски жолни го имитираат перјето на поголемите птици, за да се заштитат.[2]
Поведение
Жолните се моногамни птици, живеат во парови, иако се среќаваат и такви кои живеат во помали колонии.[1] Местото на гнездење може да го одберат во близина на поагресивни видови, како страчките, на пример, што им обезбедува некој вид заштита. Гнездото им е длабока плетена кошничка која виси на гранката како лежалка. Тие обично несат две до три јајца, но до сега е забележано најмногу шест.
Распространетост и живеалиште
Фамилијата на жолните е распространета во Африка, Европа, Азија и Австралија. Тие се птици-преселници. Живеат на дрво и имаат тенденција да се хранат во крошната, односно во шумскиот покрив.[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads