Жолна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолна или обична жолна, златка или вуга[2] (науч. Oriolus oriolus) — птица преселница, која на лето живее во Европа и западна Азија, а зиме живее во тропските краишта. Ја има и во Македонија.
Remove ads
Таксономија
Сариазмата е единствениот член на семејството птици-врапчарки наречена жолни кои живеат во умерените предели на северната полутопка.
Опис и поведение
Жолната живее во високи листопадни дрвја во шумовити предели, овоштарници и паркови. Во Велика Британија живеат многу мал број на вакви птици, каде се гнездат во индустриски насади на црна топола.
Оваа птица гради уредно гнездо во чаталот на дрвото, и во него сместува 3-6 јајца. Се храни на инсекти и овошје кои ги наоѓа во крошните, каде впрочем златката проведува голем дел од времето.
Мажјаците се упадливи со типичното жолто-црно перје, но женките се еднолично зелени. Жолните се мошне повлечени птици, па дури и мажјаците се многу тешко забележливи во жолто-зеленото шаренило на крошните.
Летот им е налик на оној на дроздот, силен и насочен со извесни спустови при долги летови.
Жолната пее слично на сојка, но песната ѝ е помилозвучна и непогрешлива.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Галерија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads