Жолта дамка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолта дамка (латински: macula lutea) — место на најголемата видна острина во мрежницата на ’рбетниците, вклучително и луѓето, со централна функција на видот.[1] Таа има јајчест облик, сместена спроти зеницата, малку над влезната точка на очниот нерв во окото; именувана по нејзината карактеристична жолта нијанса предизвикана од пигментите лутеин и зеаксантин содржани во клетките.[2] Во средниот дел на дамката, мрежницата станува многу тенка, образувајќи ја централната јама (лат. fovea); содржи само фоторецептори.[3]

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads