Жолта чапја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолтата чапја (Ardeola ralloides) потекнува од Стариот Свет и гнезди во јужна Европа и Средниот Исток.
Remove ads
Опис
Жолтата чапја е мала чапја, долга од 44 до 47 см, од кои 20–23 см се тело, и имаат распон на крилата од 80 до 92 см.[2] Перјата на оваа чапја се жолтеникаво-окер. Стомакот, опашка и крилјата ѝ се бели. Долгите нозе ѝ се жолти, а краткиот дебел клун е зелено-жолт со црн завршеток. Вратот ѝ е многу кус. Лете, возрасните единки имаат долги пердуви на вратот. Кога летаат изгледаат како да се бели, заради бојата на долните пердуви и белите крилја. Младенчињата на жолтата чапја имаат потемни пердуви.
Remove ads
Живеалиште
Жолтата чапја гнезди во слатководни мочуришта и мочурливи низини со трска во Медитеранот и југозападна Азија, Мароко и Етиопија. Таа е птица преселница, па во септември и октомври, лета во Африка, а само некои поединци остануваат да презимуваат во јужниот дел на Медитеранот. Како постојан жител е позната само во Унгарија.

Гнездење
Жолтата чапја гнезди секоја година од април до јуни во колонии, заедно со други видови чапји, ибиси и мали корморани. Гнездото од трева и трска го прави на стебла од трска или ниски дрвја. Снесуваат 3-4 јајца кои и двајцата родители ги инкубираат и заеднички се грижат за младенчињата откако ќе се испилат, додека по 45 дена не станат самостојни.
Исхрана
Жолтите чапји се најактивни во самракот и тогаш ловат разни инсекти, жаби и мали рипчиња.

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads