Жолто џуџе
класа на ѕвезди From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолто џуџе или ѕвезда од главната низа од типот G (G-V) — ѕвезда од главната низа со спектрален тип G. Ваквите ѕвезди имаат од 0,9 до 1,1 Сончеви маси и делотворна температура од 5.300 до 6.000 K (5.000 - 5.700 °C). Како и другите ѕвезди од главната низа, жолтото џуџе го претвора водородот во хелиум по пат на јадрено соединување. Сонцето, ѕвездата во средиштето на Сончевиот Систем е пример за жолто џуџе (тип G2V). Секоја секунда Сонцето претвора околу 600 милиони тони во водород во процес наречено протонско-протонскиот ланец (4 водороди образуваат 1 хелиум), претворајќи околу 4 милиони тоин материја во енергија.[1][2] Покрај Сонцето, други попознати жолти џуџиња се Алфа Кентаур, Тау Кит и 51 Пегаз.[3][4][5][6]

Remove ads
Опис
Поимот жолто џуџе не е сосем точен, бидејќи ѕвездите од типот G по боја се движат од бели (за посјајни типови како Сонцето) до малку жолтеникави кај помалку масивните и сјајни типови.[7] Сонцето е впрочем бело по боја, но изгледа жолто, портокалово или црвено низ Земјината атмосфера поради атмосферското Рејлиево расејување, особено на изгрев и залез.[8][9][10] Покрај тоа, иако поимот „џуџе“ се користи за разликување на ѕвездите од типот G од главната низа од џиновските или поголемите, ѕвездите слични на Сонцето сепак се посјајни од 90 % од ѕвездите во Млечниот Пат (кои се многу послаби портокалови, црвени и бели џуџиња, кои се многу почести, од кои последно споменатите се ѕвездени остатоци).[11]
Едно жолто џуџе со маса на Сонцето соединува водород во траење од 10 милијарди години, сè додека водородот во ѕвездиното средиште не се истроши. Кога ќе се случи ова, ѕвездата почнува бргу да се шири, да се лади и ослабува, минувајќи ја гранка на подџинови, за на крај да се прошири многукратно во однос на првобитната големина на врвот од фазата на црвен џин, околу милијарда години по напуштањето на главната низа. Потоа нејзиното изродено хелиумско јадро нагло се пали во хелиумски блесок, соединувајќи хелиум, па ѕвездата преоѓа на хоризонталната гранка, а потоа на асимптотската гранка на џинови. Кога ќе почне да снемува хелиум, ѕвездата се шири уште повеќе и жестоко пулсира; нејзината гравитација не е доволна за да ја задржи надворешната обвивка, поради што доаѓа до ослободување на обвивната материја и значителна загуба на маса. Исфрлениот материјал останува како планетарна маглина, зрачи и впива енергетски фотони од фотосферата. На крајот јадрените реакции престануваат и јадрото почнува да се губи, па телото станува густо и компактно бело џуџе, кое полека се лади додека бледнее маглината.[12][13]
Remove ads
Спектрално стандардни ѕвезди
Преработениот систем на Јеркисовиот атлас[16] наведува 11 спектрално стандардни џуџиња од типот; меѓутоа, не сите од нив во точен склад со нивната одредница.
Појдовниците на Јеркисовата класификација меѓу џуџестите ѕвезди од типот G од главната низа, т.е. оние стандардни ѕвезди што останале непроменети со години, се Хара (G0V), Сонцето (G2V), Капа1 Кит (G5V), 61 Голема Мечка (G8V).[17] Други поважни стандардни ѕвезди од системот се HD 115043 (G1V) и 16 Лебед B (G3V).[18] Изборот на ѕвезди од типовите G4 и G6 се имаат малку променето со текот на годините, но стручњаците често ги наведуваат 70 Девица (G4V) и 82 Еридан (G6V). Засега не постојат општоприфатени стандарди за G7V и G9V.
Remove ads
Животопогодност
Жолтите ѕвезди се способни да понудат животопогодни услови на планетите околу нив, како што е случај со Сонцето и Земјата.[19] Имаат доволен животен век за да овозможат развој на живи организми, помеѓу 7,9 и 13 милијарди години. Животниот век на нашето Сонце е околу 10 милијарди години.[20]
Планети
Освен Сонцето и неговите планети, некои од поблиските ѕвезди од типот G што имаат планети се 61 Девица, HD 102365, HD 147513, Чалаван, Сервантес и Тау Кит.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads