Забрњик (Корешница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Забрњик — населба и некропола од доцната антика во атарот на селото Корешница, Македонија. На 2 километри југоисточно од селото, на левиот брег на реката Вардар се наоѓаат грамади од градежен материјал. На висорамнинката се забележуваат остатоци од темели на повеќе објекти, особено апсидниот дел на еден поголем објект, поставен во правец исток-запад. Во непосредната близина се пронајдени гробови - тип циста. На површината на теренот се присутни фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси.[1]
Remove ads
Поврзано
- Ашичка Река — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Копанец — некропола од римското време;
- Крстевите — средновековна некропола;
- Кула — утврдување од хеленистичко време и средниот век;
- Маркови Кули — утврдување од хеленистичко и доцноантичко време и средниот век; и
- Црквиште — населба од доцноантичкото време;
- Корешница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads