Крстевите (Корешница)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Крстевитесредновековна некропола во атарот на селото Корешница, Македонија. На една тераса на десниот брег на Вардар се забележуваат камени конструкции на гробови од типот циста. Од некрополата потекнува една белезица од стаклена паста што се чува во Народниот музеј во Неготино.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Истражувања

Некрополата била случајно пронајдена во 1980-тите години, кога мештаните пронашле мал фрагмент од сликана, стаклена белегзија. Во текот на 1990 и 1991 година биле извршени подетални рекогносцирања, со ова се дознале масивни плочи од делкан камен, а исто дека постарите селани и сопствениците на имот во селото наоѓале плочи (гробови), човечки коски, прстени и друго поголем број години. Во 1992 година, во организација на Музејот на град Неготино со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, се извршени ископувања на наоѓалиштето.[2]

Приметено е дека во некрополата нема ниту едно преклопување ниту непочитување на просторот на гробовите, ова би значело дека има некакви надгробни обележија, и ако такво нешто не е откриено, целосно е можно да биле направени тие надгробни бележија од дрво.[3] Сите од гробовите се ориентирани според христијанската традиција, односно запад-исток, забележана е и семејствено групирање на гробовите кое довело до мали отстапки од на насочеността запад-исток, односно СЗ-ЈИ или ЈЗ-СИ.[4] Од пронајдените скелети било заклучено дека мажите имале поробусни градби додека жените претежно грацилни, голем број на пронајдените заби имале разни болести (кариес, цисти, забен каменец и др.), забележано е исто и дека традицијата на погребни гозби била присутна и во оваа некропола, поради пронајдоците на печка и остатоци на храна и искршени садови.[5]

Освен самата облека, накитот е единствен друг тип на артефакт пронајден во гробовите. Пронајдени се разни видови на накит како: ѓердани, наушници, приврзоци, белегзии и друго.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads