Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена е македонски филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од шест минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно-бела техника и на 35 мм филм. Ова е единствен пронајден и сочуван филмски материјал што браќата Манаки самите го развиле и го монтирале во документарна целина подготвена за јавно прикажување.[1][2]
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Remove ads
Кратка содржина
Во филмот е забележана погребната церемонија од закопот на митрополитот Емилијан од Гребен (Гревена), Егејска Македонија, кој бил убиен на 1 октомври 1911 година. Филмот започнува со панорама на градот Гребен и со фотографија на двајца умрени (едниот од нив е Емилијанос). Потоа се префрла на закопот, кој започнува во црквата во Гребен (фотографија на ентериерот на црквата со умрениот митрополит, бидејќи со филмската камера браќата не можеле да снимаат внатре[1]).
Церемонијата продолжува со изнесувањето на митрополитот од црквата и движењето на поворката на патот кон гробиштата низ Гребен. На крајот е прикажано самото закопување на Емилијанос. За цело време митрополитот го носат во седната положба.
Remove ads
Поврзано
Наводи и белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads