Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена

From Wikipedia, the free encyclopedia

Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена
Remove ads

Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена е македонски филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од шест минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно-бела техника и на 35 мм филм. Ова е единствен пронајден и сочуван филмски материјал што браќата Манаки самите го развиле и го монтирале во документарна целина подготвена за јавно прикажување.[1][2]

Кратки факти „Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена“, Режисер ...
Remove ads

Кратка содржина

Во филмот е забележана погребната церемонија од закопот на митрополитот Емилијан од Гребен (Гревена), Егејска Македонија, кој бил убиен на 1 октомври 1911 година. Филмот започнува со панорама на градот Гребен и со фотографија на двајца умрени (едниот од нив е Емилијанос). Потоа се префрла на закопот, кој започнува во црквата во Гребен (фотографија на ентериерот на црквата со умрениот митрополит, бидејќи со филмската камера браќата не можеле да снимаат внатре[1]).

Церемонијата продолжува со изнесувањето на митрополитот од црквата и движењето на поворката на патот кон гробиштата низ Гребен. На крајот е прикажано самото закопување на Емилијанос. За цело време митрополитот го носат во седната положба.

Remove ads

Поврзано

Наводи и белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads