Залцберген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Залцберген (германски: Salzbergen) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, околу 25 километри јужно од градот Линген и 10 километри северозападно од градот Рајне.
Во него се наоѓа најстарата нафтена рафинерија, отворена во 1860 година.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа во јужниот дел на округот на реката Емс. Се наоѓа на границата со вестфалскиот дел на Северна Рајна-Вестфалија и недалеку со границата со Холандија.
Соседни општини
Залцберген на север се граничи со општината Емсбирен, на исток со општинската заедница Шпеле, на југ со градот Рајне и општините Нојенкирхен и Ветринген во округот Штајнфурт во Северна Рајна-Вестфалија и на запад со општинската заедница Шитторф во Грофовијата Бентхајм.
Општински единици
Општината има три единици: Холстен-Бекстен, Хумелдорф и Штајде.
![]() |
|
Remove ads
Галерија
- Дворец Штоверн
- Железничката станица
- Рафинеријата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads