Замок Колдиц

замок во Германија; затвор за воени заробеници во Втора светска војна From Wikipedia, the free encyclopedia

Замок Колдиц
Remove ads

Замок Колдиц (германски: Schloss Colditz) ― ренесансен замок во градот Колдиц во близина на Лајпциг, Дрезден и Кемниц во покраината Саксонија во Германија. Замокот се наоѓа меѓу градовите Харта и Грима на рид над реката Цвикауер Мулде. Го имал првиот парк за диви животни во Германија, откако во текот на 1523 година, паркот од замокот бил претворен во една од најголемите менажерии во Европа.

Кратки факти Замок Колдиц, Општи податоци ...

За време на Втората светска војна замокот станал озогласен по тоа што во него бил сместен еден од најстрого чуваните затвори во нацистичка Германија, познат како Oflag IV-C. а наменет за „непоправливите“ сојузнички офицери кои постојано се обидувале да избегаат од другите логори.

Remove ads

Средновековен период

Thumb
Грбот на Август од Саксонија и неговата сопруга Ана од Данска над портата на надворешниот двор

Во 1046 година, Хајнрих III од Светото Римско Царство им дал дозвола на бургерите од Колдиц да ја изградат првата документирана населба на местото. Во текот на 1083 година, Хајнрих IV го повикал Маркгреф Випрехт од Гроиц да го уреди местото околу замокот. Во текот на 1158 година, царот Фридрих Барбароса го назначил Тимо I за „господар на Колдиц“ и започнале градежните работи. До 1200 година бил основан град околу пазарот. Шумите, празните ливади и обработливото земјиште биле населени веднаш до веќе постоечките словенски села: Шчецш, Шшадрас, Цолвиц, Терпицш и Колцшен. Во тоа време се развиле и поголемите села: Хонбах, Тирбаум, Еберсбах и Таутенхајн.

За време на средниот век, замокот се користел како видиковец за германските цареви и служел за заштита на патиштата и важните трговски рути што минувале низ областа. Имал значајна улога како административен и одбранбен центар во регионот. Со текот на времето, замокот бил проширен и дограден, особено во XV и XVI век, кога бил трансформиран во ренесансен дворец.

Remove ads

Периоди на реконструкција и промени во употреба

Во текот на 1504 година, пекарот Клемен случајно го запалил Колдиц, а градското собрание, црквата, замокот и голем дел од градот биле изгорени. Во текот на 1506 година, започнала реконструкција и биле подигнати нови згради околу задниот двор на замокот. Во текот на 1523 година, паркот од замокот бил претворен во една од најголемите зоолошки градини во Европа. Во 1524 година започнала обновата на горните катови од замокот.

Структурата на замокот била променета за време на долгото владеење на кнезот Август од Саксонија (1553–86), а комплексот бил реконструиран во замок во ренесансен стил од 1577 до 1591 година, вклучувајќи ги и деловите кои сè уште биле во готски архитектонски стил. Колдиц бил користен како ловечки замок, но и како место за благороднички приеми. Во тој период, замокот бил симбол на саксонската моќ и престиж, но и дом на многу важни историски настани.

Во текот на 19 век, црковниот простор бил обновен во неокласичен архитектонски стил. Замокот го користел Фридрих Август III, електор на Саксонија како работна куќа за да ги нахрани сиромашните, болните и лицата кои биле уапсени. Служел за оваа намена од 1803 до 1829 година. Во текот на 1829 година, замокот станал душевна болница за „неизлечивите лудаци“ од Валдхајм. Во текот на 1864 година, била подигната нова болничка зграда во готски ренесансен стил. Замокот останал ментална институција до 1924 година.

Од 1829 до 1924 година, Колдиц бил санаториум, претежно резервиран за богатите и благородни Германци. Замокот функционирал како болница за време на долг период на масивни промени во Германија, неколку години по Наполеоновите војни кои го уништиле Светото Римско Царство и го создале Германскиот Сојуз, за време на целото постоење на Северногерманската Конфедерација и Германското Царство, во текот на Првата светска војна и на почетокот од постоењето на Вајмарската Република. Од 1914 и 1918 година, замокот бил дом и на пациенти со туберкулоза Замокот бил дом на неколку значајни личности за време на неговото време како ментална институција, вклучувајќи го Лудвиг Шуман, син на композиторот Роберт Шуман и Ернст Баумгартнер, еден од пронаоѓачите на цепелинот.

Откако нацистите стапиле на власт во 1933 година, замокот го претвориле во политички затвор за комунисти, хомосексуалци, Евреи и други луѓе кои ги сметале за непожелни. Почнувајќи од 1939 година,[1] таму биле сместувани сојузничките затвореници.

Remove ads

Како логор за воени заробеници

Thumb
Замокот Колдиц во април 1945 година; фотографија направена од војник во американската армија
Thumb
Единствена фотографија од оригиналната едрилица Colditz Cock направена на 15 април 1945 година од Ли Карсон, американски воен дописник од работната група која го ослободила замокот
Thumb
Замокот Колдиц во 2011 година

По избувнувањето на Втората светска војна, замокот бил претворен во најстрого чуван логор за воени затвореници каде биле сместувани војници со голем ризик за бегство или кои се сметале за особено опасни.[2] [3] Бидејќи замокот се наоѓа на карпа над реката Цвикауер Мулде, Германците сметале дека е идеално место за строго-чуван затвор.

Во дворот имало голем германски гарнизон. Затворениците живееле во соседниот двор во зграда висока 27 метри. Затворот го добил името Офлаг IV-C (офицерски затворски логор 4C) и бил управуван од Вермахтот.[4]

Иако се сметал за виско обезбедуван затвор, замокот бил меѓу рекордерите во успешни обиди за бегство. Ова може да се должи на општата природа на затворениците кои биле испраќани таму; повеќето од нив претходно се обиделе да избегаат од други затвори и биле префрлени во Колдиц бидејќи Германците мислеле дека тешко се бега од замокот.

По ослободувањето Колдиц припаданал на советската окупациска зона во Германија.

Во текот на последните денови од затворскиот логор во Колдиц, многу од затворениците биле префрлени во Лауфен по наредба на Химлер. Во април 1945 година, американските трупи влегле во градот Колдиц и, по дводневна борба, го зазеле замокот на 16 април 1945 година. Во мај 1945 година започнала советската окупација на Колдиц. Според договорот на конференцијата во Јалта, станал дел од Источна Германија. Владата го претворила замокот Колдиц во затвор за месни криминалци. Подоцна, замокот бил дом за стари лица, болница и психијатриска клиника. Многу години по војната, заборавените скривалишта и тунели биле пронајдени од мајстори, вклучително и радио просторија основана од француските заробеници, која потоа била повторно „изгубена“ за повторно да биде откриена дваесетина години подоцна.

Remove ads

Денес

Thumb
Во текот на 2005 година, скелето било видливо од градот.

Во текот на 2006 и 2007 година, замокот бил реновиран и реставриран. Ѕидовите на замокот биле пребоени за да се рекреира изгледот на замокот пред Втората светска војна.

По завршувањето на реновирањето замокот бил отворен за јавноста како музеј и туристичка атракција. Денес, замокот е популарна дестинација за туристи од целиот свет, особено оние заинтересирани за воената историја и приказните за бегствата од логорите во Втората светска војна. Во замокот бил отворен музеј кој ги документира настаните од тој период, како и експозиции за средновековната и ренесансната историја на замокот.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads