Западен Брег

From Wikipedia, the free encyclopedia

Западен Брег
Remove ads

Западниот Брег, познат и како Јудеја и Самарија, — територија на Блискиот Исток на западниот брег на реката Јордан.

Кратки факти Западен Брегالضفة الغربية aḍ-Ḍiffah l-Ġarbiyyahхебрејски: הַגָּדָה הַמַּעֲרָבִית HaGadah HaMa'aravit, Држави и територии ...

По распаѓањето на Османлиското Царство, оваа територија станува дел од Британскиот Мандат Палестина. По Арапско-израелската војна од 1948 година, Западниот Брег е освоен и припоен од страна на Јордан. Територијата останува под јорданска власт до 1967 година, кога во текот на Шестдневната војна, Израел го освојува Западниот Брег. Со исклучок на Источен Ерусалим, Западниот Брег не е припоен од страна на Израел.

Remove ads

Управување со Западниот Брег

Според Договорот од Осло од 1993 година, конечниот статус на Западниот Брег треба да биде предмет на иден договор помеѓу Израел и палестинската страна. Според привремениот договор, Изреал ги повлече своите воени сили од одедени делови од Западниот Брег, кој тогаш беше поделен на три области:

  • Земја контролирана и управувана од Палестинците (Област А)
  • Земја контролирана од Израел, но управувана од Палестинците (Област Б)
  • Земја контролирана и управувана од Израелците (Област В)

Областите Б и В претставуваат најголем дел од територијата на Западниот Брег.

Remove ads

Демографија

Според проценките на Палестинското Биро за статистика, на крајот од 2006 година во Западниот Брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим) живеат околу 2,5 милиони Палестинци. На Западниот Брег има и преку 260.000 израелски доселеници, како и околу 185.000 доселеници што живеат во припоениот Источен Ерусалим.

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads