Рамала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рамала
Remove ads

Рамала (арап. رام الله; Rām Allāh, превод: „Божји рид“ [2][3]) е палестински град во средишниот дел од Западен Брег и де факто е административен главен град на Државата Палестина. Се наоѓа на Јудејските Планини, 10 км северно од Ерусалим, на просечна надморска височина од 872 м.[4]

Кратки факти Рамала رام الله, Држава ...
Remove ads

Историја

Рамала има градби кои содржат ѕидарски елементи од периодот на Ирод Велики, но ниту една целосно зачувана градба не е изградена во периодот пред крстоносните војни (11 век).[4] Денешниот град е основан во текот на 16 век од Хададините, арапски христијански клан кој потекнува од Гасанидите. Во 1517 година, градот бил освоен од Отоманската Империја, а откако за време на Првата светска војна бил заземен од Обединетото Кралство, според одлуките од Версајскиот договор во 1920 година станал дел од Британскиот мандат Палестина.[4] По Арапско-израелската војна од 1948 година целиот Западен Брег, вклучувајќи го и градор Рамала бил окупиран и припоен кон Трансјордан. Рамала, во Шестдневната војна од 1967 година била освоена од Израел. Според Договорот од Осло од 1995 година, со Рамала денес управува ПНА како дел од Областа А на Западниот Брег.

Remove ads

Економија и култура

Рамала е седиште на палестинската управа и служи како седиште за повеќе меѓународни невладини организации и амбасади. Стотици милиони долари помош што тече во градот во голема мера ја поттикна економијата на Рамала од крајот на Втората интифада.[5]

Во последниве години, Рамала се истакна како главен политички, културен и економски центар.[6][7] Во градот се сместени многу палестински владини тела, меѓу кои и Мукатаа, официјална резиденција на претседателот на Палестинската национална управа, Палестинскиот законодавен совет и седиштето на Палестинските безбедносни служби. Таму исто така има неколку музеи и културни центри и има развиен ноќен живот.

Remove ads

Демографија

Thumb
Главната улица во Рамала

Иако низ историјата Рамала бил град со претежно христијанско население, во градот кој според пописот од 2017 година брои 38.998 жители,муслиманите се значително мнозинство.[8] Христијанското население во градот, кое се движи околу 25%.[9][10]

Збратимени градови

Рамала е збратимен со:[11][12]  

  • Бордо, Франција
  • Хенслоу, Англија, Обединетото Кралство
  • Јоханесбург, Јужна Африка
  • Лиеж, Белгија
  • Мускатин, Соединети Американски Држави
  • Оксфорд, Англија, Обединетото Кралство
  • Сур, Турција
  • Трондхајм, Норвешка

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads