Западноафриканско време

From Wikipedia, the free encyclopedia

Западноафриканско време
Remove ads

Западноафриканско време или WAT (од англ. West Africa Time) е часовен појас што се користи во западнио-централниот дел на Африка (но не во земјите западно од Бенин, кои користат UTC). Појасот е еден час понапред од координираното универзално време (UTC+01), што значи исто како средноевропското време. Тука не спаѓаат највеќето земји во регионот Западна Африка, бидејќи тие користат UTC.

Thumb
Часовни појаси во Африка:
црно UTC−01: Зелено‘ртско време.
зелено UTC: Западноевропско време · Средно време по Гринич.
сино UTC+01: Средноевропско време · Западноафриканско време · Западноевропско летно време.
црвено UTC+02: Источноевропско време · Средноафриканско време · Западноафриканско летно време · Јужноафриканско стандардно време.
жолто UTC+03: Источноевропско летно време · Источноафриканско време.
сиво UTC+04: Маврициско време · Сејшелско време.
Шрафираните земји практикуваат летно сметање на времето

Бидејќи најголемиот дел на појасот лежи во екваторското подрачје, разликите во траењето на денот во текот на годината се занемарливи, па затоа не се практикува летно сметање на времето. Исклучок од ова се Либија[1] и Намибија, кои практикуваат западноафриканско летно време (WAST, UTC+02) во летните месеци (од крајот на март до крајот на октомври во Либија и од почетокот на септември до почетокот на април во Намибија).

Западноафриканското време се применува во следниве земји:

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads