Зацрпување (астрономија)

период во развојот на една ѕвезда кога конвекцијата се спушта до внатрешниот слој на производите од фузијата From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Зацрпување (англиски: dredge-up) — една од неколку развојни фази кај некои ѕвезди кога струевитиот слој се протега од површината на ѕвездата до јадреното подрачје, каде материјата претрпела соединување. Така, производите на соединување се мешаат со внатрешните слоеви на ѕвездената атмосфера, каде можат да се забележат во спектрите на ѕвездата.

Фази

  • Второ зацрпување
    Второто зацрпување се јавува во ѕвезди со 4-8 Сончеви маси. Кога хелиумското соединување во јадрото ќе запре, струењето ги меша производите од CNO-циклусот.[2] Ова зацрпување предизвикува зголемување на површинското присуство на 4He и 14N, а количеството на 12C и 16O се намалува.[3]
  • Трето зацрпување
    Третото зацрпување се јавува откако ѕвездата ќе стапи на асимптотската гранка на џинови, по блесокот во обвивката што гори хелиум. Производите од хелиум, јаглерод и s-процесот се издигаат на површината, зголемувајќи го уделот на јаглерод во однос на кислородот; кај некои поголеми ѕвезди ова е процесот кој ја претвора ѕвездата во јаглеродна ѕвезда.[3]

Напомена: Називите на заврпувањата се водат според развојната и структурна состојба на ѕвездата во која се јавува секое од нив, а не според редоследот по кој се случуваат во дадена ѕвезда. Некои ѕвезди со помала маса претрпуваат прво и трето зацрпување во нивниот развој, без ниднаш да поминат низ второ.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads