Струевит слој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струевит слој (конвективна зона) — слој на една ѕвезда во кој енергијата се пренесува по пат на струење. Во зрачниот слој, таа се пренесува преку зрачење и спроводливост.

Ѕвезденото струење претставува масовно движење на плазма во ѕвездата, која образува кружна струја каде затоплената плазма се искачува, а разладената плазма се спушта.
Шварцшилдовиот критериум ги изразува условите под кои подрачјето на една ѕвезда е нестабилно поради струење. Извесна количина гас која се малку се крева доаѓа во место со понизок притисок. Како последица од ова, гасот се шири и се разладува. Доколку искачувачкиот гас стане постуден од неговата околина (така што ќе добие поголема густина од околниот гас), тогаш недостатокот на пловност ќе го натежне надолу, од каде што дошол. Меѓутоа, ако температурниот градиент е доволно стрмен (т.е. температурата се менува брзо со оглед на растојанието до ѕвезденото средиште), или ако гасот има многу висок топлински капацитет (т.е. неговата температура се менува релативно бавно додека се шири), тогаш искачувачкиот гас ќе остане потопол и поредок од новото опкружување дури и по ширењето и разладувањето. Пловноста тогаш ќе му наложи и понатаму да се качува. Ова се одвива во подрачјето наречено струевит слој.
Remove ads
Ѕвезди од главната низа

Кај ѕвездите од главната низа поголеми од 1,3 Сончеви маси, високата јадрена температура предизвикува соединување на водородот во хелиумот да се одвива претежно преку јаглеродно-азотно-кислородниот циклус (CNO-циклус) наместо температурно помалку чувствителниот протонско-протонски ланец. Високиот температурен градиент во јадреното подрачје образува струевит слој кој бавно го меша водородното гориво со хелиумскиот производ. Над јадредниот струевит слој се обвива зрачен појас кој е во топлинска рамнотежа и не подлежи на мешање.[1] Кај најмасивните ѕвезди, струевитиот слој може да достигне од јадрото до површината.[2]
Кај ѕвездите од главната низа или оние помали од 1,3 Сончеви маси, надворешната обвивка на ѕвездата содржи подрачје каде делумната јонизација на водородот и хелиумот го зголемува топлинскиот капацитет. Релативно ниската температура во ова подрачје едновремено предизвикува непроѕирност поради потешките елементи кои се доволно високи за да создадат стрмен температурен градиент. Овој сплет на околности создава надворешен струевит слој, чиј најгорен дел е видлив во Сонцето како зрновитост. Ѕвездите од главната низа со мала маса како што се црвените џуџиња со под 0,35 Сончеви маси,[3] како и оние пред неа на Хајашиевата патека, се целосно струјни и немаат зрачен слој.[4]
Во случај на ѕвезди од главната низа слични на Сонцето, ко иимаат зрачно јадро и струјна обвивка, преодното подрачје помеѓу струевитиот и зрачниот слој се нарекува тахоклина.
Remove ads
Црвени џинови
Кај црвените џинови, а особено во текот на фазата на асимптотска гранка на џинови, длабочината на површинскиот струевит слој се колеба во фазите на согорување на обвивката. Ова предизвикува промешувања, кретковечни многу длабоки струевити слоеви кои пренесуваат соединети производи кон површината на ѕвездата.[5]
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads