Збороред
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Збороред[1] — поим во лингвистиката кој се однесува на проучувањето на редоследот на синтаксните елементи на еден јазик, но и какви видови зборореди постојат меѓу јазиците. Главниот збороред кој е од интерес е „составниот редослед“ на дел-реченицата, односно релативниот редослед на подметот, предметот и прирокот, редоследот на придавките, броевите, показните зборови во именската фраза и останати прилози.
Некои јазици имаат релативно строг збороред, кои често се ослонуваат на редоследот за да се изразат некои граматички функции/ информации. Од другата страна пак, јазиците имаат флекција, односно користат афикси, имаат пофлексибилен збороред. Како и да е, секој јазик претпочита еден збороред кој се користи најчесто.[2]
Remove ads
Видови зборореди
Постојат повеќе видови зборореди, кои се класифицираат од најчесто застапени до најретко застапени:
- подмет-предмет-прирок — најчесто застапен меѓу јазиците. Некои од јазиците кои го користат овој збороред се: јапонски јазик, турски јазици, баскиски јазик, дравидски јазици, персиски јазик, латински јазик и сл.
- подмет-прирок-предмет — застапен во македонскиот, англискиот, романските јазици, кинескиот јазик и сл.
- прирок-предмет-подмет — застапен во арапскиот јазик, келтските јазици и хавајскиот јазик, меѓу другите.
- прирок-предмет-подмет — застапен во фиџискиот и малгашкиот јазик.
- предмет-прирок-подмет — застапен во тамилскиот јазик.
- предмет-подмет-прирок — застапен во јамамадискиот јазик.
Remove ads
Наводи
Дополнителни информации
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads