Звучна преднонепчена избувна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Звучната преднонепчена избувна согласка (звучен палатален плозив) — вид согласен звук кај некои јазици, меѓу кои и македонскиот со буквата „ѓ“. Знакот по МФА за овој звук е ɟ, а еквивалентиоот знак по X-SAMPA е J\. МФА симболот може да се смета за мала буква j без точка со напречна црта или превртено мало f.

Кратки факти Звучна преднонепчена избувна согласка, ɟ ...
Remove ads

Особености

Звучната преднонепчена избувна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
  • Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads