Звучна преднонепчена избувна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Звучната преднонепчена избувна согласка (звучен палатален плозив) — вид согласен звук кај некои јазици, меѓу кои и македонскиот со буквата „ѓ“. Знакот по МФА за овој звук е ɟ, а еквивалентиоот знак по X-SAMPA е J\. МФА симболот може да се смета за мала буква j без точка со напречна црта или превртено мало f.
Remove ads
Особености
Звучната преднонепчена избувна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
- Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads
Јазици
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads