Здралци
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Здралци (Здралца или Зрелци; грчки: Αμπελόκηποι, Амбелокипи; до 1926 г. Σδράλτση, Сдралци[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се намира на 3 километра югоизточно от Костурското Езеро, на пътя от Дупјак за Богатско. Землището на Здралци е 11 км2.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го спомнува селото како Sdreotza.[4] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) веи дека Стралица се состои од 30 македонски куќи, 45 семејни двојки и 75 нуфузи (глави на семејства). Жителите се занимавале со земјоделство, градинарство и обработување на туѓа земја.[5][6]}}
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зрѣлца имало 270 жители Македонци.[5][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Здрелза е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[8]
На почетокот на XX век во Здралци работела грчката пропаганда и селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Здрелца имало 400 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[5][9] Во училиштето предавал Николаос Папасидерис, подоцна митрополит Никифор Костурски.[10][11]
Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 250 жители.[12] Летото 1905 г. андартскиот капетан Никола (Лаки) Дељо го убил кметот Козма.[13]
Според Георги Константинов Бистрицки, Здрелца пред Балканските војни имало 90 македонски куќи.[5][14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Зрелци имало 50 куќи на македонски христијани.[15]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 246 жители, кое во 1920 г. се згоелмило на 311.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Амбелокипи. На пописот од 1928 г. во Здралци се заведени 345 лица.[3]
Населението произведува жито, грав и градинарски култури.[3]
Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- „Св. Катерина“ — црквичка во јужниот дел на селото
- „Св. Никола“ — црквичка и светиче западно од селото
- „Св. Дух“ — црквичка јужно од селото, веднаш до реката и мостот
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна црква од 1820-1830 г.
- „Св. Никола“ — параклис и скит (испосница) на стрмна карпа во планината, 3 км источно од селото
Личности
- Родени во Здралци
- Анастас Димитров (Αναστάσιος Δημητρίου) — андартски деец от ІІІ ред[17]
- Васил Бацелов (Βασίλειος Μπατσέλας) — андартски деец, четник на Григорис Фалиреас (Закас)[17]
- Иван Шишков (1876 – 1957) — просветен и духовен деец
- Козма Николов — кмет, убиен заедно со татко му Никола на сретселото од андарстскиот капетан Лаки Дељо на 31 јули или 1 август 1905 г[18][19]
- Пандо Василев — учесник во МОО, II чета на VIII Костурска дружина, ранет во Втората балканска војна на 8 јули 1913 година, носител на бронзен медал[20]
- Христо Атанасов — учесник во МОО, 27-годишен, II чета на VIII Костурска дружина, загинал на 6 ноември 1912 г. кај Дедеагач[21]
- Јане Георгиев Јанев (на 75 години на 9 март 1943 г) — учесник во Илинденското востание со четата на Васил Чакаларов и борбата кај Черешница,[22] преземањето на Невеска, преземањето на Клисура и борбата кај Прекопана. Водел битка и кај Горно Броди под команда на полковникот Анастас Јанков.[23]
- Јане Динков — учесник во МОО, VIII Костурска дружина[24]
- Починати во Здралци
- Јоанис Накицас (? – 1906) — учесник во Грчката вооружена пропаганда во Македонија
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads