Зебниц

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зебницmap
Remove ads

Зебниц (германски: Sebnitz) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Зебниц во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини ...
Remove ads

Географија

Градот Зебниц се наоѓа во долината на реката истоимената река и нејзината странична долина помеѓу 250 и 460 метри надморска височина, помеѓу планините на Саксонска Швајцарија и Лужичките Гори. Топографски, самиот град се наоѓа во западниот дел на Лужичките Гори. Бидејќи природниот регион Саксонска Швајцарија е многу блиску, пејзажот околу градот е многу разновиден. Локалниот рид околу Зебниц е Танцплан, кој е на чешка територија.

Како единици на градот, освен самиот град, се и Шенбах (припоена во 1935), Хајнерсдорф (припоена во 1920), Хертигсвалде (припоена во 1950) и Хинтерхермсдорф (припоена во 1998). Хитерхермсдорф се наоѓа 5 километри југоисточно од Зебниц. Бидејќи е одвоена од остатокот на Зебниц со општината Кирничтал, таа создава енклава.

Remove ads

Историја

Зебниц бил првпат споменат во документ од 1223/1241 кој бил наменет за границата помеѓу кралството Бохемија и бискупијата Мајсен. Во 1451 бил првпат споменат како град. Новото градско собрание било изградено во 1714/1715, но било уништено со бројни други градби, меѓу нив и училиштето, во пожар во 1854. Околу 1900 Зебниц станал центар на производството на вештачки цвеќиња. Од 1952 до 1994, градот бил административен центар на округот Зебниц. Зебниц бил домаќин на фестивалот „Tag der Sachsen“ (Ден на Саксонија) во 2003.

Remove ads

Сообраќај

Железничката станица Зебниц е опслужувана од Städtebahn Sachsen, која одржува линии на секои два часа помеѓу Пирна, Нојштат во Саксонија, Зебниц и Бад Шандау.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads