Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) е факултет посветен на земјоделството и храната во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Сместен во источниот дел од градот Скопје, во кампус со другите факултети од биотехничките науки: Кампусот е оддалечен 2 км од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Зградата на Факултетот има нето корисна површина од 7.465 м2, во која се сместени 6 амфитеатри, 26 предавални, 27 вежбални, 28 лаборатории, 143 канцеларии, библиотека и читална со површина од 270 м2 и студентско бифе со површина од 180 м2. Факултетот располага со ботаничка градина со површина од 3 хектари и стакленик со површина од 100 м2 пред самата зграда.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
До 2004 г., установата се нарекувала „Земјоделски факултет“.[1]
Remove ads
Студиски програми
- Агроекономика
- Анимална биотехнологија
- Преработка на анимални производи
- Преработка на растителни производи
- Квалитет и безбедност на храна
- Екоземјоделство
- Заштита на растенија-фитомедицина
- Лозарство и винарство
- Градинарство и цвекартсво
- Овоштарство со лозарство
- Поледелство
- Производство и преработка на тутун
Структура
- Институт за агроекономија и организација
- Институт за анимална биотехнологија
- Катедра за ботаника и микробиологија
- Катедра за генетика и селекција
- Катедра за педологија, Агрохемија и мелиорации
- Катедра за заштита на растенија
- Катедра за земјоделска техника
- Катедра за општо поледелство
- Катедра за овоштарство и преработка
- Катедра за градинарство и цвекарство
- Катедра за лозарство и винарство
- Катедра за специјално поледелство и тутун
Remove ads
Историјат
Факултетот за земјоделски науки и храна е основан во 1947 година, под името Земјоделски факултет, како посебен отсек на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, само една година подоцна од основањето на Филозофскиот факултет. Со основањето на факултетот, Медицинскиот факултет и се обезбедиле услови за формирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, по основањето и започнувањето со работа, перманентно се организира, доизградува и усовршува како комплетна наставно-научна установа. Во досегашниот период на работа и развој, минува низ повеќе организациски и развојни фази. Промените и трансформациите, развитокот и работата се должат на потребите за усогласување на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката работа, примената на сопствените и странските научни сознанија во земјоделството, што е поврзано со политичките и општествено-економските односи во општественото уредување.
Во 1975 година, Земјоделско-шумарскиот факултет се дели на два самостојни факултета: Земјоделски и Шумарски, како одделни работни организации. Ова осамостојување доаѓа како резултат на достигнатиот висок степен на развој во сите дејности на двата дотогашни оддела, земјоделскиот и шумарскиот.
Од 1977 до 1989 година, Земјоделскиот факултет функционира како Работна организација во која беа интегрирани Земјоделскиот факултет, Земјоделскиот институт, Институтот за сточарство и ветеринарство, Заводот за овоштарство, Заводот за лозарство и Факултетското земјоделско стопанство Трубарево. Во рамките на оваа Работна организација, функционираа осум правни лица:
- Институт за поледелство и градинарство;
- Институт за овоштарство;
- Институт за лозарство и винарство;
- Институт за сточарство;
- Институт за проучување на почвите;
- Институт за заштита на растенијата;
- Институт за економика и организација во земјоделството и Факултетско земјоделско стопанство
Како резултат на сложената организациска поставеност, од почетокот на 1990 година, Земјоделскиот факултет работи како самостојна работна организација со три основни дејности: образовна, научно-истражувачка и апликативна.
Првата диплома на додипломските студии е издадена на 30. XII 1949 година, првата магистерска тема е одбранета на 24. XI 1971 година, а првата докторска дисертација е одбранета на 28. V 1959 година. Од 1990 година, покрај постојните три насоки: поледелска (со градинарско-цвеќарска група), лозаро-овоштарска и сточарска, отворена е и општа насока.
Во периодот од 1992 до 1994 година, во рамките на Земјоделскиот факултет, како посебна насока, функционираше и ветеринарната насока, која натаму се оформи во самостоен Ветеринарен факултет. Во 1997 година на Факултетот се оформи нова насока – Земјоделска техника. Со цел да се следат потребите на пазарот од стручна работна сила и интересите на студентите, од 2001 година Факултетот ја организира наставата на 10 насоки:
Поледелска насока;
- Градинарско-цвеќарска насока;
- Лозаро-овоштарска насока;
- Сточарска насока;
- Насока за земјоделска техника;
- Агроекономска насока;
- Насока за заштита на растенијата;
- Насока за искористување, уредување и заштита на почвите и водите;
- Насока за еко-земјоделство и
- Насока за преработка на земјоделски производи.
Со овие измени се обезбеди потребен број нови стручни профили неопходни за ангажирање во малите и големите производни капацитети во Република Македонија.
Во истата 2001 година, Факултетот се вброи меѓу првите 4 факултети при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, кои го воведоа кредит трансфер системот во наставниот процес.
Во февруари 2004 година, Земјоделскиот факултет го промени името во Факултет за земјоделски науки и храна.
Од 2005 година факултетот за земјоделски науки и храна организира дисперзирана настава на градинарско-цвеќарската насока во Струмица.
Денес на Факултетот за земјоделски науки и храна се организираат редовни додипломски, последипломски и докторски студии.
Remove ads
Поврзано
- Земјоделски институт – Скопје
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads