Зидброкмерланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зидброкмерланд (германски: Südbrookmerland) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри западно од окружниот град Аурих. Нејзиното седиште е во селото Викторбур.
Општината била основана на 1 јули 1972 година во рамки на административната реформа на Долна Саксонија со спојување на десет поранешни општини, кои денес се места во Зидброкмерланд. Таа денес е трета најголема општина по број на жители во округот, зад градовите Аурих и Норден.
Remove ads
Географија
Местоположба
Зидброкмерланд се наоѓа во северозападниот дел на Германија во областа Источна Фризија, во средишниот дел на округот Аурих и триаголникот на градовите Аурих, Емден и Норден. Со градовите Аурих и Емден, општината се граничи непосредно.
Општината има површина од 96,8 квадратни километри, со што е на 15. место по површина од сите источнофризиски општини. Во рамки на округот Аурих, Зидброкмерланд е шеста најголема опшштина по Аурих, Крумхерн, Гросефен, Илов и Норден.
Административното седиште на општината е во Вест-Викторбур, кој се наоѓа околу девет километри западно од Аурих и околу 18 километри североисточно од Емден. Големи градови во близина се Олденбург, Бремен и Гронинген.
Соседни општини
Општината се наоѓа средишно во округот Аурих и се граничи на југозапад со општината Хинте, на запад и северозапад со општините Вирдум, Упгант-Шот и Рехтсупвег (сите три припаѓаат на општинската заедница Брокмерланд), на север со општината Гросхајде, на исток со градот Аурих и на исток и на југ со општината Илов. Сите општини припаѓаат на округот Аурих. На југ, општината во мал дел се граничи со безокружниот град Емден.
Општински единици
Зидброкмерланд се состои од десет поранешни општини и кои до административната реформа во 1972 година биле самостојни општини.[2]
Три најголеми места се[3] Мордорф (6.436 жители), Викторбур (3.966 жители) и Минкебе (1.753 жители). Викторбур е административното седиште на општината.
Општината е составена од следниве места.
- Бедекаспел (составено од Бедекаспел (село), Бедескапелер Марш и Вохенендзидлунг), 399 жители
- Форлиц-Блаукирхен (составено од Блаукирхен, Морхузен и Форлиц), 208 жители
- Мордорф, 6.436 жители
- Морхузен, 1.330 жители
- Минкебе, 1.753 жители
- Олдеборг (составено од Енгерхафе, Фенхузен, Олдеборг (село), Упенде и источниот дел на Упенде-Викторбур), 1.670 жотели
- Тене (составено од Хинтер-Тене, Тене (село) и Екелс (поделено на Алт-Екелс и Ној-Екелс)), 1.386 жители
- Утвердум (составено од Абелиц, Георгсхајл, Утвердум (село) и Викторбурер Марш), 1.331 жител
- Викторбур (составено од Ост-Викторбур, Зид-Викторбур, Вест-Викторбур и западниот дел на Упенде-Викторбур), 3.966 жители
- Вигболдсбур (составено од Ној-Вигболдсбур и Вигболдсбург (село)), 546 жители
Бројките за жители се од 1 јули 2008 година.
Remove ads
Галерија
- Општинското собрание
- Ветерница Агнес
- Поранешно училиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads