Источна Фризија
крајбрежна област во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Источна Фризија или Источен Фризланд (германски: Ostfriesland; источнофризиски долногермански: Ōstfräisland;[1] или Oostfreesland;[2] холандски: Oost-Friesland; затерландски фризиски: Aastefräislound) — крајбрежна област во северозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, во Германија. Тоа е делот од Фризија помеѓу Западна Фризија и Средна Фризија во Холандија и Северна Фризија во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Германија.
За други значења на поимот, погл. Фризија (појаснување).
Административно, Источна Фризија припаѓа на три окрузи: Аурих, Лер, Витмунд и слободниот град Емден.[3][4] Областа зафаќа површина од 3.144,26 км2 и на нејзе живеат 465.000 луѓе.
Близу брего постојат низа острови кои се наречени Источнофризиски Острови (Ostfriesische Inseln). Овие острови се (од запад кон исток) Боркум, Јист, Нордернај, Балтрум, Лангеог и Шпикерог.
Remove ads
Географија
Пејзажот е под влијание на близината на Северното Море. Источнофризиските Острови се протегаат 90 километри долж брегот, на кои се наоѓаат дини и песочни плажа, иако во средишните делови имаат трева и дрвја. Областа помеѓу островите и брегот е посебна во светски рамки: плимата остава каллив морски брег со бројни потоци, кои привлекуваат голем број на црви и ракови, како и птици. Поради ова, областа на Ваденското Море која најпрвин била национален парк, била прогласена за светско природно наследство на УНЕСКО.[5] Подалеку од брегот, поголемиот дел од областа е гест и голет.
- Ваденско Море
- Воздушен поглед на Лангеог
- Утринска магла во Источна Фризија (2003 г.)
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
